Daily news
Претставници на МИОА дел од состанокот на РеСПА во Тирана

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, и државниот секретар Јахи Јахија присуствуваат на осмиот состанок на министрите одговорни за прашања на јавната администрација на земјите од Западен Балкан. Состанокот се одржува денеска во Тирана, Албанија, а присуствуваат и членовите на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).
„Присуството на министрите од регионот на Западен Балкан покажува подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка со цел зајакнување капацитети за спроведување реформи во јавната администрација, сè со цел побрзо интегрирање во Европската Унија“, истакна Сенида Меси, заменик-премиер на Република Албанија.
Претставникот на Европската комисија, Бернард Брунет, зборуваше за значењето на РеСПА како институција што ја претставува регионалната соработка, со јасна визија и поддршка од сите нејзини членови. Во интервју за потребите на РеСПА заменик-министерот Бајдевски се осврна на заложбите на МИОА и на Владата за реформи во јавната администрација.
„МИОА реализира неколку проекти за модернизација на администрацијата и нејзино приближување до граѓаните. За нас сега приоритет е донесувањето на новата стратегија за реформа на јавната администрација, која во една стратешка рамка ќе ги опфати реформите во јавната администрација во наредните пет години. Администрацијата мора да биде поефикасна. Администрацијата не смее да е товар, туку сервис на граѓаните. Наш приоритет се задоволни граѓани, кои лесно, брзо и достапно може да ги остваруваат своите права. Нашата стратешка цел е јасна: стручна, професионална и департизирана администрација. Работиме на тоа и граѓаните и бизнис-секторот да ги остваруваат своите права побрзо, полесно, поквалитетно и поевтино“, рече Бајдевски.
Тој претстави и дел од проектите на кои во моментот работи Министерството.
„Започнавме и динамична функционална анализа во инспекциските служби. Ќе воспоставиме централен електронски регистар на населението и законски основи и технички подготовки за лансирање нова платформа за електронски услуги – национален портал за административни услуги по електронски пат, преку кој граѓаните ќе имаат увид во која фаза на постапување се нивните барања за остварување на нивните права, како и информација за документите и цената на услугите што ги дава администрацијата“, информира заменик-министерот Бајдевски.
Министрите одговорни за јавната администрација, кои се членови на Управниот комитет на РеСПА, го усвоија годишниот извештај. Управниот одбор беше информиран за најважните активности што РеСПА ги планира за 2018 година и го усвои буџетот. На крајот од денешната средба Босна и Херцеговина го презеде претседавањето на РеСПА за в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.