Daily news
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата, Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
Некои од вработените во „Фени“ мака мачат да најдат дрва за огрев откако Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво. Принудени се со септемвриската плата, која им беше исплатена на крајот на минатиот месец, да преживеат, но и да најдат начин да ги стоплат домовите. Плата за октомври сè уште немаат, а не знаат ниту кој ќе им ја исплати, посебно по одлагањето на стечајот за кој требаше денес да се расправа во Основниот суд во Велес.
„Дрвата ги исплативме целосно уште пред неколку месеци, но не сме ги добиле и покрај тоа што зимата веќе почна. Бараме итен состанок со Пецо Ристовски. Сакаме да побараме финансиска полиција да го испита случајот со снабдувањето со дрва за огрев оти се сомневаме дека е направен истиот криминал што го направи и претходниот синдикален лидер Иле Хаџи Николов. Тој беше разрешен оти проневери речиси 35.000 ерва, синдикални пари. Дојдовме до сознанија дека Палитов, сегашниот синдикален лидер, уплатил пари за огревно дрво на угостителска фирма ‘Тралица’, а потоа го раскинал договорот и со оваа фирма и направил нов договор со доставувач од Прилеп. Од прилепската фирма нам ни кажуваат дека испорачале онолку дрва за колку што им било платено“, велат вработените што сè уште чекаат дрва од Синдикатот.
Пецо Ристовски, претседател на Синдикатот на вработените во индустријата, енергетиката и рударството, вели дека не станува збор за проневера на синдикалните пари.
„Познат ми е случајот со дрвата од Синдикатот на ‘Фени’. Не се работи за проневера, туку за неисполнување на обврските. За дрвата постои уреден договор со снабдувачот од Прилеп и тој едноставно не си ја исполни обврската. Ние веќе поднесовме тужби и кривична пријава за овој случај уште пред 3-4 месеци, но сè уште немаме повратно од судовите. Тужбата е за фирмата снабдувач, а крвичната пријава за нотарот што направил пропусти во договорот“, вели Ристовски.
Според него, вработените со право реагираат и си ги бараат дрвата што ги платиле и најави дека ќе ги прими на разговор за да најдат излез од состојбата.
„Јас сум сигурен дека ќе изнајдевме некое решение побргу ако не беше ваква состојбата. Стечајот и неговото одлагање дополнително ни ја отежнуваат работата, но подготвени сме, заедно со вработените, да бараме решение“, рече Ристовски.
Стечајот за „Фени“ за кој денес требаше да се одлучува беше одложен оти новиот директор на фабриката, Рајчо Кацаров, побара изземање на Основниот суд во Велес со обајснување дека за тоа треба да одлучуваат судовите во Скопје бидејќи банките кредитори биле од Скопје.
Ова ја враќа на почеток постапката за стечај иницирана од банките кредитори поради долг од 40 милиони евра кон нив и дополнителни 20 милиони евра кон други доверители.
Врховниот суд треба да одлучи каде ќе продолжи постапката на која ќе се разгледува можноста за отворање стечај за „Фени“.
Некои од вработените во „Фени“ минатата недела двапати излегоа на протест преку кој бараа повлекување на стечајот за фабриката. Мнозинството не го поддржаа штрајкот. Некои од оние што не беа на протестите се пожалија дека се револтирани од синдикалниот лидер кој на улица глуми херој, а кога е во фабриката, бега од нив и од обврската да им ги испорача платените дрва.
(М.И.П.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.