Контакт

Daily news

Заев и Церар: Македонија и Словенија делат исти вредности

Објавено пред

Премиерите на Република Македонија и Република Словенија, Зоран Заев и Миро Церар, одржаа заедничка прес-конференција и одговараа на повеќе прашања од интерес на медиумите за официјалната посета на владината делегација на Република Македонија на Република Словенија.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Заев истакна дека односите меѓу Република Македонија и Република Словенија се пример за пријателство и дека тоа пријателство и срдечните односи се изградени на солидните темели на заемното длабоко познавање и на меѓусебна почит меѓу народите на двете земји, како и на заедничкото препознавање на вредностите што нè поврзуваат.

Заев потенцира дека и Република Македонија и Република Словенија постојано ги истражуваат и им даваат шанса на сите можности за продлабочување на оваа соработка.

„Една таква можност која има големи потенцијали е преземањето на претседавањето на процесот за соработка во Југоисточна Европа од страна на Република Словенија. Изразувам најискрени честитки за овој настан и за сите иницијативи што ќе произлезат од овој процес. Сигурен сум дека Словенија ќе внесе нова динамика во него. Од Република Македонија ја имате целосната поддршка“, истакна премиерот Заев.

Во Владата на Република Македонија, рече Заев, постои цврсто втемелена согласност дека додека ги спроведуваме консолидирачките и реформските процеси во земјата, со иста енергија и фокусираност пристапуваме и кон градењето на нашите односи со соседите, со земјите во регионот, како и со нашите стратешки определби да ја удвоиме брзината на процесите за членство во НАТО и ЕУ.

„Ова за нас е посебно значајно, посебно во период кога темата за проширување на ЕУ не е приоритетна тема во некои земји членки. Од тој аспект уверени сме и имаме големи очекувања дека Словенија ќе биде меѓу најгласните и најсилни поддржувачи на веќе зајакнатата меѓународна поддршка за Република Македонија за остварување на нашите ЕУ и НАТО-аспирации. Сакаме и очекуваме Македонија да биде 30-та членка на НАТО“, нагласи премиерот Заев пред претставниците на словенечките медиуми.
Во однос на регионалната соработка како еден од предусловите за практикување на добрите политики на Република Македонија, премиерот Заев ги издвои проектите од Берлинскиот процес, особено поради нивниот прагматичен пристап и фокус на вмрежување, транспорт и регионална соработка, кои ги вратија на агендите на земјите од Западен Балкан процесите со кои се создаваат услови за обезбедување на европските стандарди.

„За Република Македонија од голема важност е да продолжат иницијативите за регионално поврзување во патната и железничката инфраструктура, како и реализацијата на регионалната економска област. Учествуваме активно во овој процес: дадовме иницијатива, заедно со претседателите на владите на Босна и Херцеговина и Црна Гора, за заедничка регионална авиолинија Скопје-Подгорица-Сараево, со која сакаме да го поврземе регионот и да овозможиме поголема мобилност на луѓето“, потенцира на прес-конференцијата премиерот Заев.

Заев ја изрази благодарноста кон Република Словенија во име на Владата и во име на граѓаните на Република Македонија за континуираната поддршка за забрзано членство во ЕУ и НАТО, како и за поддршката на Република Словенија во надминување на предизвиците во текот на мигрантската криза со мисијата во која учествуваа припадници на словенечката полиција, кои работеа рамо до рамо со колегите во Македонија кога заедно ја обезбедуваа јужната граница на Република Македонија.
Премиерот Заев и на прес-конференцијата упати отворена покана до претседателот на владата на Република Словенија, Миро Церар, да дојде во официјална билатерална посета во Република Македонија.

Претседателот на владата на Република Словенија, Миро Церар, на прес-конференцијата по повод официјалната посета на владината на делегација на Република Македонија истакна дека оваа посета го потврдува традиционалното и искрено пријетелство меѓу двете земји, кое симболично и реално беше започнато пред 25 години кога двете земји токму меѓу себе ги воспоставија првите дипломатски односи во нивните меѓународни односи како самостојни држави.

Пемиерот Церар истакна дека во интерес на ЕУ и на Словенија е Македонија како стабилна и безбедна земја да се приклучи колку што е можно побргу кон ЕУ и НАТО.

„Посакуваме веќе в година да почнат пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ и во таа насока сме подготвени да ги помагаме и поддржиме реформите што земјата ги спроведува на планот на евро-атлантските аспирации“, истакна премиерот на Словенија, Миро Церар, на заедничката прес-конференција со премиерот Заев.

Двајцата премиери изразија согласност дека двете влади ќе настојуваат да се создадат иницијативи за дополнително интензивирање на стопанската соработка, како и на планот на развојните политики на Република Македонија.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија2 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија5 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија5 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија7 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија7 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија7 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија8 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија8 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет10 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет11 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет11 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 ден

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија1 ден

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...