Контакт

Daily news

Косовската „Фероникели“ се распаѓа по сценариото на кавадаречки „Фени“, и таму директор бил Миракхмедов

Објавено пред

„Фероникели“ од Косово, која исто како и „Фени индустри“ е дел од групацијата „Кунико рисорсис“, се распаѓа по исто сценарио како и кавадаречкиот металуршки комбинат, забележаа вработените во „Фени“. Тие велат дека на нивните косовски колеги им било речено дека треба да седат дома сè додека не се најде заинтересиран инвеститор за рестартирање на фабриката.

dobivaj vesti na viber

„Производните линии во ‘Фероникели’ се изгасени веќе подолго време. И таму нема производство и исто како нам и ним им рекле дека се бара инвеститор за да продолжат со работа. Нашата фабрика имаше голема соработка со косовската оти бевме дел од една иста групација. Останаа отворени многу долгови што ‘Фени’ ги има кон оваа фабрика поради предлогот за стечај, но и ‘Фероникели’ има долгови кон нашата фабрика“, велат некои вработени од „Фени“, кои соработувале со косовската фабрика.

Според нив, постои голем простор за сомнеж дека раководството на „Фени“ направило злоупотреби и во „Фероникели“ бидејќи Јусуф Миракхмедов, кој беше генерален извршен директор на кавадаречкиот комбинат извесен период, истовремено управувал и со косовската фабрика.

Директорот на Управата за финанска полиција, Арафат Муареми, откри дека Миракхмедов ја напуштил Македонија на 29 октомври од аеродромот „Александар Велики“, што вработените го протолкуваа како бегство. Неколку дена подоцна адвокатската канцеларија „Давидовиќ и Јанковиќ“, која го застапува Миракхмедов, соопшти дека тој не избегал, туку ја напуштил Македонија поради здравствени проблеми, се наоѓал на позната адреса и бил подготвен во кое било време да се појави пред кој било државен орган на уредно доставена покана.

По заминувањето од Македонија, Миракхмедов доби две кривични пријави. Едната од Финансиската полиција поради незаконска продажба на резервите на фабриката кои биле заложени кај банките и уште една од малцинскиот партнер БСГР за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност и овластување, измама, оштетување или привилегирање доверители, како и други многубројни дејства со кои му е нанесена штета на БСГР и на други засегнати страни.

Министерството за внатрешни работи по барање на „Макфакс“ откри дека Миракхмедов добил македонско државјанство и пасош.

„Лицето Јусуф Миракхмедов роден 1980 во Ташкент, Република Узбекистан, со решение од 29.6.2017 година стекнал државјанство на Република Македонија по член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија. Воедно, лицето Јусуф Миракхмедов поседува патна исправа издадена на 18.7.2017 година од Одделението за управни работи Кавадарци“, велат од МВР.

Членот 11 од Законот за државјанството на Република Македонија овозможува странец со наполнети 18 години да може да добие македонско државјанство, а врз основа на тоа и пасош, ако тоа претставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес.

Миракхмедов е недостапен да обајсни зошто побарал македонско држвјанство, но правниците велат дека токму македонското државјанство во овој случај може да биде од голема помош за најавените кривични пријави против него. Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, веќе најави дека ќе побараат меѓународна помош доколку не можат да го пронајдат, а правниците тврдат дека македонското државјанство овозможува Македонија да бара екстрадиција за Миракхмедов.

Неговото име повеќе не стои во Централниот регистар како генерален директор на „Фени“. Минатиот месец, непосредно пред банките да иницираат стечај за фабриката, во централниот регистар беа сменети имињата на некои од раководните лица во „Фени“, извадено беше името на Миракхмедов, а како директор беше заведен Рајчо Кацаров, кој во исто време е и директор на бугарски „Енекод“, компанија заинтересирана да го купи „Фени“.

Кацаров како директор на „Фени“ се појави и на суд. Тој во понеделникот побара изземање на Основниот суд Велес во одлучувањето за фабриката, но вчера Врховниот суд го одби неговото барање и одлучи постапката за утврдување на можноста за отворање стечај за „Фени“ да ја води Основниот суд Велес.

Банките го иницираа стечајот за „Фени“ поради долг од 40 милиони евра кон нив и уште 20 милиони евра кон други доверители. Тие сметаат дека иднината на „Фени“ е  стечајна постапка со реструктурирање на фабриката и наоѓање сериозен инвеститор кој ќе ги преземе сите обврски.

 

(М.И.П.)

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет42 минути

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет5 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет7 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија7 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет7 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет9 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет9 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија23 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...