Контакт

Daily news

Бугарски медиуми: МПЦ ќе ја признае БПЦ за своја мајка црква

Објавено пред

Бугарската телевизија БНТ во емисијата „Вера и општество“ открива дека Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на 9 ноември одлучил да ја препознае и да ја признае Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија како мајка црква, која прва ја прифаќа и ја признава нејзината автокефалност.

dobivaj vesti na viber

Во емисијата е објавено и писмото што Синодот на МПЦ го испратил до Синодот на БПЦ:

„До Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква
Ваша Светост и Ваши Високопреосвештенства, членови на Светиот архиерејски синод,

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 9 ноември 2017 година, во просториите на Македонската архиепископија во Скопје, посвети сериозно внимание за статусот на МПЦ-ОА и евхаристиското единство со Помесните православни цркви. Во тој дух, Синодот едногласно одлучи да упати одредени предлози и барања до сестринската Бугарска православна црква. Имено:

– Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, имајќи ги предвид единството на православната црква и реалните духовни и пастирски потреби, да воспостави евхаристиско единство со возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија како мајка црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите Помесни цркви.

– Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете Цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи кое што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите Помесни православни цркви.

– За признавањето и воспоставувањето на евхаристиското единство, Бугарскиот патријарх го известува вселенскиот патријарх, како и поглаварите на другите Помесни православни цркви.

Изразуваме надеж во Господа, дека овие наши предлози и барања ќе бидат прифатени од Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква, за радост на свети Климент Охридски и за доброто на севкупната црковна полнота.

Претседател на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, Архиепископ Охридски и македонски“

БНТ тврди дека во октомври поглаварот на МПЦ бил во Софија и водел разговори со бугарските архиереи при што се очекувало да се потпише вакво писмо. Но бугарските архиереи се премислиле. Сега се очекува реакција на Синодот на БПЦ на писмото.

Со ова МПЦ се обидува да ја прескокне СПЦ, така што ја признава Бугарската православна црква за своја мајка црква. Останува да се види како на ова ќе реагираат од Српската православна црква.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

ЦУК: Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи. Во 13:15...

Македонија6 часа

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага...

Македонија6 часа

Во странство се лекуваат 68 пациенти по пожарот во „Пулс“, најавени неколку исписи деновиве

Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар...

Македонија8 часа

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија12 часа

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...

Свет13 часа

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и...

Свет13 часа

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката...

Македонија24 часа

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од...

Топ1 ден

Притвор за 15-годишно дете кое неколкупати силувало 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа

Да се воведат механизми кои нема да дозволат билатерални спорови да се пречка за остварување на заедничка цел, порача премиерот...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Со Тошковски на чело, МВР е во хаос – бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена, кажа денеска...

Македонија1 ден

Словенија ја поддржува реформата на јавната администрација во Македонија

Министерот за јавна администрација на Република Словенија, Франк Пропс, во рамки на својата официјална посета на Скопје, одржа интензивни работни...

Македонија1 ден

Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“. Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот. Маршот ќе...

Свет2 дена

САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%

Американските царински службеници почнаа да ја наплаќаат едностраната царина од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите увозни производи...

Македонија2 дена

Денеска облаци и сонце, утре дожд и снег

Утре голема промена на времето. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој...

Македонија2 дена

(Видео) „Поршето“ во Дебар маало не било на полицаец туку на ексамбасадорот Срѓан Керим

Паркираното „порше“ во Дебар маало не било на полицаец, туку било во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи,...