Контакт

Daily news

Иванов: За политичкото и за физичкото насилство одговорност мора да има

Објавено пред

За политичкото, но и за физичкото насилство, за настаните од 27 април одговорност мора да има. Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно и да одговараНо, одговорноста не смее да се генерализира. Мора да се почитуваат човековите права, да се почитува пресумцијата на невиност и да се внимава на квалификациите на кривичните дела. Граѓаните што се сплотија и ја демонстрираа идејата за заедништво не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање вечерва од вилата „Водно“ потенцирајќи дека ја поддржувал и ја поддржува иницијативата „За заедничка Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека секојдневно до него пристигнувале инфорамции и дека е загрижен за политичкиот реваншизам што е видлив на повеќе нивоа – од јавната администрација до судско-полициските случаи. Со ова се внесува страв и несигурност, што доведува до состојба на тензии и политичка дестабилизација.

 
Иванов порача дека во услови кога не очекува исполнување на многу преземени обврски за консолидација на општеството, како и на планот на европската и евро-атлантската интеграција, целата енергија треба да е фокусирана кон градење консензус за национален дијалог и исполнување на реформите.
„Со реваншизам и демонстрација на сила се генерира поларизација на општеството, состојба во која не можеме да очекуваме напредок во реформските процеси. Повикувам на разумно и одговорно однесување на сите надлежни институции, кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија. Секој е одговорен за своите постапки и свесен за последиците што произлегуваат од нив. Граѓаните на Република Македонија очекуваат решенија, а не проблеми. Граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните“, рече Иванов.
 
Претседателот потсети на изјава дадена минатата година – дека нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскиот судир. „Секогаш кога сме биле поделени, други нè окупирале, раселувале, преименувале и однародувале“, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

К. Ландов

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по атентатот на моќниот лидер на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека извршува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на...

Свет24 минути

„Никогаш не сум видела толку луѓе без покрив над главата“ – ураган го опустоши југоисточниот дел на САД, најмалку 64 лица загинаа

Поројните дождови од ураганот Хелена оставија голем број луѓе без домови ширум југоисточниот дел на Соединетите држави, а во тек...

Македонија2 часа

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен северен ветер

Заладувањето пристигна и во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи...

Свет17 часа

(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут

Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток! 🕑 22:06 Хезболах соопшти дека лансирал ракети со долг дострел...

Македонија18 часа

Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата. Утре под...

Свет20 часа

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд...

Регион22 часа

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта,...

Економија22 часа

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...

Македонија22 часа

(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и...

Македонија23 часа

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во...

Македонија23 часа

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба...

Свет24 часа

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Во објава на X, израелската армија ИДФ соопшти дека...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...

Свет1 ден

(Фото+видео) Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти...

Македонија2 дена

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија2 дена

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија2 дена

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија2 дена

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија2 дена

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија2 дена

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...