Контакт

Daily news

Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ рекордери по објави за десоросоизацијата

Објавено пред

„Сорос ја дестабилизира Македонија, а  ФООМ и граѓанските организации се генератори на политичката  криза, „СДСМ е политички експонент на Сорос“, „Сорос ја убива демократијата во Македонија и го корумпира македонското општество“, „Сорос, преку САД влијае врз составувањето нова влада“, „Сорос кумува на менување на унитарниот карактер на државата“…  Ова се дел од обвинувањата кои ги објавуваа медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ пред формирањето нова влада, покажа мониторингот на невладината организација „НВО Инфо-Центар“.

dobivaj vesti na viber

Во обвинувањата доминираат и теми од политичкото секојдневие „Сорос го финансирал прислушувањето во Македонија“, „Тиранската платформа е дело на Еди Рама, а е нарачана од Сорос“, „Сорос стои зад палењето на Народната канцеларија на претседателот Иванов“, „Сорос има монопол врз граѓанскиот сектор и дава милиони долари за плати на активистите“, и сл. Темите и интензитетот на објавите се промениле со смената на власта: „УСАИД финансирал државен удар во Македонија преку граѓанските организации“, „Сорос го финансира СДСМ со американски пари“, „СДСМ и Сорос вршат притисок врз судството“, „Сорос, преку граѓанските активисти, влезе во владата на Заев“,  „СДСМ и Сорос водат кампања за бегалците“, „Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ се поддржани и промовирани со пари на Сорос и УСАИД“,  „Граѓанските активисти се платеници на Сорос и во Шарената револуција учествувале само за да добијат место во власта“, „Граѓанските организации го поттикнале обидот за убиство на екс-министерот Тодоров“…

Во првите четири месеци од мониторингот, односно од март до јуни, беа објавени дури 76% од содржините или во просек 7 прилози дневно. По формирањето на Владата предводена од СДСМ, интензитетот на написи и прилози драстично се намали (во просек 2 текста дневно), но хајката и натаму продолжила.

Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија 80% од вкупниот број текстови односно во просек објавуваа 3 прилози дневно, а во првите 4 месеци, овој просек се искачуваше и до 6 прилози дневно. Од критичките медиуми најмногу содржини објавија: А1.он (6,5%), Плусинфо  (4%), НоваТВ (3%) и Слободен печат (3%).- Од нив, најголем број објави имаат: Република (23%), Курир (21%), Вечер (12%) и Дневник (9’%).

Извештајот на оваа невладина организација покажа дека медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, заедно со оваа партија и иницијативата СОС, водеа жестока „црна“ кампања против Џорџ Сорос, Фондацијата Отворено општество Македонија, граѓанските организации, активистите, УСАИД, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и др. Според овие медиуми, најголеми непријатели на Македонија се Џорџ Сорос, неговата фондација и граѓанските организации.

Според податоците од извештајот, најголемиот дел од прилозите објавени во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ биле анонимни и честопати еден ист текст бил реобјавуван во различни портали и  весници. Критичките медиуми, пак, претежно ги објавувале реакциите и демантите на нападнатите страни, а редовно информирале и за текот на инспекциите и истрагите врз граѓанските организации, иницирани и оркестрирани од поранешната власт.

НВО Инфоцентарот ги анализираше содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др.

Овој извештај се однесува на периодот март – ноември 2017 година, а опфатени се централните вести на телевизиите: ТВ 24, Телма, Сител, МРТ1, Алсат М, Канал 5, Алфа и ТВ 21; дневните весници: Слободен печат, Вечер и Дневник (нивните интернет-страници/ електронски изданија) и порталите: А1он, Плусинфо, Република, Курир и НоваТВ.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Трамп почнал договори за средба помеѓу Зеленски и Путин, потоа би се вклучил и тој

По завршувањето на средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европа, американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет8 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет11 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет11 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура16 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија18 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет18 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија18 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија19 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија19 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет20 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет21 час

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија22 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија22 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет1 ден

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет1 ден

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет1 ден

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет1 ден

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија2 дена

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...