Црна хроника
Момче претепано во автобус на ЈСП

Двесет итригодишно момче било крвнички претепано во сабота вечер во автобус на ЈСП, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од силината на ударите, момчето се онесвестило и со тешки телесни повреди било пренесено во Градска болница.
Инцидентот се случил синоќа во 00.30 часот во автобуст на ЈСП со број 57 на пешачкиот мост на ул.„Цветан Димов”.
Имено, А.П. влегол во автобусот на автобуската постројка кај ГТЦ, се упатил кон задниот дел од автобусот и по кратко време забележал поголема група лица кои се групираат и во еден момент осетил силен удар со тврд предмет во пределот на задниот дел од главата, при што истиот паднал во безсознание.
Потоа непознатите лица продолжиле да го удираат со клоци и тупаници во пределот на главата и телото. На А.П. му била укажана лекарска помош во ГОБ, каде му биле констатирани телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
По полноќ во Битола полицијата затекнала 23, а во Охрид шест малолетници

Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во текот на 03/04 мај, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, по претходно подготвен план спроведоа акциска контрола во угостителски објекти и клубови во Битола.
Како што соопшти денеска МВР, притоа во билјард клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ биле затекнати осум малолетници после 24:00 часот, потоа во билијард клуб лоциран на улицата „Булевар 1-ви Мај“ биле затекнати двајца малолетници после 24:00 часот , а додека пак во билјард клуб лоциран на улицата „Белградска“ затекнати биле уште 13 малолетници, при што кај седумина од нив било констатирано дека конзумирале алкохол. По претходни известувања, малолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
-Идентична акциска контрола беше спроведена и во Охрид од страна на полициски службеници при СВР Охрид, при што во еден објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ биле затекнати шест малолетни лица. Против правниот субјект и одговорното лице, кои овозможиле присуство на малолетници во угостителски објект по 24 часот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.
Од МВР информираат дека на подрачјето на СВР Велес, односно во Велес во текот на изминатата вечер и денес во раните утрински часови беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти.
-Притоа, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, во два угостителски објекти било констатирано дека има надминување на дозволената јачина, односно на музика погласна од дозволеното, со што е констатирано нарушување на јавниот ред и мир, така што по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, се додава во соопштението.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден откако возејќи мотоцикл се судри со ауди

Вчера во 18.20 часот во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А4“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(47) од Гевгелија и мотоцикл марка „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 17 годишен малолетник, исто така од Гевгелија.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гевгелија. Запознаен е надлежен ЈО, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Црна хроника
Почина возач, со автомобил излетал од патот

Вчера во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.
Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош – Штип.
Известен е надлежен ЈО, а увид извршила увидна екипа од СВР Штип.