Daily news
Кривични пријави за тројца од Агенцијата за филм
Во соопштение до јавноста, Управата за финансиска полиција на Р Македонија поднесе кривични пријави против три лица, двајца поранешни директори на Агенцијата за филм и претседател на Управниот одбор на оваа институција, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 3 в.в. став 1 и став 5 од КЗ на РМ.
Имено, во соопштението стои: Д.Б. – директор на Агенцијата за филм на Република Македонија во период од 25.12.2008 до 03.11.2015 година, М.Ѓ.И. – директор на Агенцијата за филм на Р Македонија во период од 03.11.2015 до 03.08.2017 година, и Д.Д. – претседател на Управен одбор на Агенц. за филм на Р Македонија, се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба.
„Лицата Д.Б. и М.Ѓ.И. во својство на директори на Агенцијата за филм на Република Македонија, спротивно на член 32 став 1 од Законот за филмска дејност (каде што е предвидено директорот на Агенцијата, член на Советот, рецензентите, советниците и другите надворешни соработници, претседател и членовите на Управен одбор и вработен во Агенцијата, поради судир на интереси да не може да учествуваат на конкурс на Агенцијата, ниту да учествуваат во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата), во период од 2008 до 2016 година, со неизвршување на својата службена должност на начин што без должниот надзор овозможиле лицето Д.Д. – претседател на Управен одбор на Агенција за филм именуван од Владата на Република Македонија, истовремено да учествува и како филмски работник (директор на фотографија и кинематографер) во реализација на 10 филмски проекти финансирани од Агенција за филм на Република Македонија, а кои се претходно одобрени и од лицето Д.Д., при што на истиот му е овозможено да прибави корист за себе во вкупен износ од 6.580.885 денари, и тоа преку продуцентските куќи: ТД Смалл мовес ДООЕЛ Скопје, ТД Круг Филм ДООЕЛ Скопје, ТД Партизанс ДООЕЛ Скопје, ТД Сектор филм ДООЕЛ Скопје и ТД Фрагмент филм ДООЕЛ Скопје.“
Во период од 8 години кинематограферот Дејан Димевски бил ангажиран како професионалец да работи на десет филмови, но истовремено бил претседател на Управниот одбор на Агенцијата за филм, што претставува судир на интереси. Ова било овозможено и со потписот на директорите Дарко Башевски и Мими Ѓоргоска Илиевска, кои во случајов требале да имаат должен надзор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.