Контакт

Daily news

(Видео) Најчевска: Граѓаните ги излажаа, нас нè изиграа, реформи во правосудството нема

Објавено пред

Ниту еден член на Советот за спроведување реформи во правосудството не бил консултиран за законските решенија што Владата ги доставува до Собранието. Работните групи што биле формирани не давале информации што работат, а во законодавниот дом се носат закони без Советот воопшто да ги види. Единствено нешто што поминало на Советот била стратегијата за реформи на правосудниот систем, но и таа точка не била долго разговарана. Професорката Мирјана Најчевска, која даде оставка од Советот, вели дека таа и нејзините колеги биле изиграни и вели дека тој постои само формално, но не е дел од реформирањето.

dobivaj vesti na viber

„Освен за залажување на граѓаните дека одреден број извикани имиња и експерти кои се препознаени како стручни лица во својата област се вклучени во реформите, јас не гледам никаков друг удел во реформирањето на правосудниот систем. Она што пак ме загрижува е дека повторно реформите во правосудниот систем стануваат политички, односно политичкиот фактор е оној што го има главниот збор во реформирањето на областа во која главниот збор треба да го имаат оние што се занимаваат со правната материја. Да, политичкиот фактор треба да ја даде насоката и да го искаже мислењето за она што треба да се постигне. Меѓутоа, реформирањето, структуирањето на законите, градењето на правосудниот систем, како и поставувањето правни ногалки треба да е направено од правниците со примена на ригидни правила, принципи и критериуми“, рече Најчевска за „Макфакс“.

Професорката Мирјана Најчевска вели дека предлог-законот за судски совет бил разговаран пред Советот за реформи, каде што членовите се судриле за многу базични работи, а со тоа отвориле стручна расправа за начинот на кој судскиот совет ќе дејствува независно. Но, расправата не продолжила, професорката не знае што е дојдено во собраниска процедура, а не знае ниту на кој начин тоа ќе биде решено. Вториот предлог-закон, кој го бараше СЈО, поврзан со заштитените сведоци, не бил разговаран, а за законот за укинување на Советот за утврдување факти било исто разговарано, но немало резултат.

„Не знам што е полошо. Претходната власт кажа дека не сака да го слуша стручното, ниту експертското мислење и дека едноставно не им е важно за луѓето од фелата, туку дека тие си прават решенија врз основа на она што претставува нивна политичка замисла. Сега имаме власт која вели дека сака да го слушне стручното и експертското мислење, но нема вистинско влијание врз тие професионалци. Не знам што е полошо, дали тоа кога власта најотворено и најбезобразно го исклучува професионализмот од работењето или власта што навидум или делумно ги вклучува професионалците, но на некој заден начин повторно ја спроведува својата политичка агенда“, додава Најчевска.

Во однос на прашањето дали треба да постои совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството, професорката Најческа вели дека е добро формирањето и учеството на Владата и премиерот во него, но, од друга страна, формирани се многу тела кои создавале хаос во однос на надлежноста и функционалноста, а впечатокот што го оставаат е дека тие постојат за да кренат прав, а вистинските одлуки да се носат на друго место на нетранспарентен начин.

„По многу години корумпирано судство и систем во кој судиите се марионети на политичката власт, тешко е да се направи промена во правилата на игра и свеста на судиите, но и начинот на дејствување. Судството не е ослободено ниту од оваа власт, но не поради неа, туку поради судиите. Тие се научени да бидат марионети, а власта и да сака да ги ослободи, не може. Некој што бил роб со години, не знае како да не биде. Потребни ни се правото, правилата и процедурите, да ја спасиме власта од ропскиот однос на судството и да ги издигнеме судиите на ново независно ниво“, вели Најчевска.

Кристијан Ландов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Град Скопје: Суетата на Мицкоски е поважна од потребите на граѓаните, одлуката да не се доделат средства за проектите ја потврдува секташката ментална состојба на владата

Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална...

Топ14 часа

(Видео) Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, едно лице е во бегство

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под...

Македонија14 часа

Јакимовски до Јаневска: И се извинувам што ја нареков „северџанка“, мора да разговараме и заедно да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја...

Македонија16 часа

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Четирите локални самоуправи што не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје, Сарај и Теарце, до 15 ноември може...

Македонија17 часа

Филков ја разбира нервозата на Лога: Понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со...

Топ17 часа

МВР го објави идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово, сите се велешани

Три лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера на  автопатот Скопје – Велес, пред тунелот...

Македонија18 часа

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100 oтсто Посветено за тебе“, одржана...

Македонија18 часа

Таравари за случајот со починатото бебе: Докторите направиле превид, директорите да преземат мерки

Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки...

Топ20 часа

Жител на Кочани осомничен за насилство: во училиштен двор удирал дете со тупаници, подоцна со клоци нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Насилство...

Економија20 часа

Внимавајте на платформите што нудат брза заработка и вложувања во крипто, апелираат надлежните во Македонија

Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“,...

Свет22 часа

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за непријателска земја: комуникацијата е прекината, патните и железничките врски целосно блокирани

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава“ и потврди дека ја прекинала комуникацијата со таа земја, објави утринава...

Свет22 часа

Нетанјаху: Најмодерното руско оружје пронајдено во базите на Хезболах во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах...

Европа23 часа

Бајден испраќа вреден пакет воена помош во Киев, Пентагон објави детали

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше вчера со украинскиот претседател Володимир Зеленски за зголемување на безбедносната помош за Украина и најави...

Свет23 часа

САД: Видовме снимки од ракети во цивилни куќи, Израел има право да ги нападне

Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи...

Свет23 часа

Израелскиот министер за одбрана: Макрон е срам за француската нација

Министерот за одбрана на Израел го нападна францускиот претседател откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на саемот...

Топ1 ден

Се преврте комбе кај Катланово, загинаа три лица, има и повредени

Три лица загинаа, а пет се префрлени во болница откако се преврте комбе кај тунелот на автопатот Скопје-Велес. Според информациите...

Топ2 дена

Oбид за убиство во Македонија поради имот

Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Ц.(59) од Македонски Брод поради убиство во обид. „На 13 октомври во семејна куќа во...

Македонија2 дена

Лога за Филков: Тој е затворен во кабинетот од својата шефица, која не му дозволува да комуницира

За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а министерството го раководи Радица Лазареска Геровска, со која целото...

Македонија2 дена

„Тука е девојчето што го барате, ако дознае Палчо, ќе ме убие“ – обвинетиот им покажал на полицајците каде е закопана Вања

На денешното судење за убиството на Вања и Панче обвинетиот Влатко Кешишов го однел сведокот Музафер Каришиќ до местото на...

Македонија2 дена

Јакимовски: Има средства да се финансира академија на науки и уметности на Албанците, а нема да се обезбеди парно за учениците во Карпош

Не може да се штеди на грбот на граѓаните и децата на територија на општина Карпош. Вчера градоначалниците Албанци од...