Регион
Слаби обиди за формирање нова коалиција во Грција

Челниците на грчката опозиција, кои се обидуваат да формираат нова владејачка коалиција, без особено залагање и жар ѝ пристапуваат на оваа задача и ги игнорираат апелите од дома и од странство итно да се одржат изборите за да може Грција да се соочи со истовремените финансиска и хуманитарна криза.
Во неделата, ден за одмор, не се предвидени никакви разговори, иако челникот на конзервативната Нова демократија, Евангелос Меимаркаис најави дека има намера да разговара со челникот на нереформираната комунистичка партија, што веројатно ќе биде попуст труд, дури и доколку го повика, сметаат коментаторите во Атина.
Невообичаено лежерната атмосфера околу коалициските преговори, откако премиерот Алексис Ципрас во четвртокот си поднесе оставка по само седум месеци на чело на владата на коалицијата на радикалната левица Сириза и тешките преговори за новиот трет пакет финансиска помош за земјата со меѓународните доверители, ги поттикна грчките медиуми да повикаат на именување вршител на должноста премиер кој и продолжил да ги спроведува политиките на мерките за штедење и реформи, што е важно за Грција доколку сака и натаму да прима пари од утврдениот нов пакет во износ од 86 милијарди евра.
Ненаведувајќи конкретни имиња, Ципрас ја осуди тактиката на Меимаракис и на челникот на крајно левата фракција во Сириза, Панајотис Лафазанис, еден од тврдите бунтовници од Сириза, кон средината на јули беше сменет од функцијата министер енергетика, кога заедно со уште 30 пратеници гласаше против предлог-законот за реформите, кој повика на формирање широк демократски фронт против договорот со доверителите, веднаш по оставката на премиерот.
„Не грижете се поради триковите со цел изборите да бидат одложени. Тие нема да доведат никаде и народот тоа го разбра“, изјави претходно во саботата Ципрас пред членовите на владата и на Сириза кои му останаа лојални.
Ципрас и натаму е фаворит за составување на новата влада, меѓутоа кои и да ја води Грција ќе се соочи со обесхрабрувачки пролеми.
Според грчкиот устав, трите најголеми партии добиваат по три дена секоја да се обидат да состават нова коалициска влада, доколку владата поднесе оставка во рамките на помалку од 12 месеци. Дури откако евентуално тие разговори не дадат резултат, а речиси сигурно е дека во случајов тоа ќе се случи, претседателот Прокопис Павлопулос именува вршител на должноста премиер и распишува избори.
Меѓутоа, многумина веруваат дека Грција не може да чека на преземање некакви активности до по изворите, за коишто Ципрас сака да се одржат пред крајот на септември.
„На земјата ѝ е потребен искусен вршител на должноста премиер. Спроведувањето на договорот постигнат со доверителите, докапитализацијата на банките и имигрантската криза се жешки прашања кои не можат да чекаат, дури ни еден месец“, коментира во неделата весникот Kathimerini,
Ципрас во четвртокот поднесе оставка надевајќи се дека ќе ја зацврсти својата позицијата на предвремените избори. Предавајќи му ја оставката на претседателот Павлопулос го замоли да биде одреден најраниот можен датум за новите избори.
Владини функционери велат дека цел е да се одржат изборите на 20-ти септември, додека Ципрас се обидува да се справи со незадоволството во редовите на Сириза и да обезбеди поддршка од јавноста за спроведување на програмата за финансиската помош која тој ја договори, трета за Грција од 2010 година, во вкупен износ од над 320 милијарди евра.
Соочен со речиси крахот на грчкиот финансиски систем кој се закани и на иднината на Грција во еврозоната, Ципрас мораше да ги прифати барањата на кредиторите за повеќе штедење и економски реформи, токму политиките против коишто вети дека ќе се бори и ќе ги укине што му овозможи во јануар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, вчера „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама, среде исвиркувања од опозицијата.
Диела, која свечено беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Во тоа време, премиерот рече дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“.
Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата.
„Целта е само да се привлече внимание“, рече поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој самиот е обвинет за корупција.
„Невозможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Диела е неуставна, а Демократската партија ќе го однесе ова прашање до Уставниот суд“, предупреди Бериша.
Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација.
„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, рече виртуелната министерка.
Рама го прекина говорот на Деиела поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.
фото: принтскрин
Регион
Црв од шест сантиметри отстранет од очниот капак на пациент во БиХ

Црв од шест сантиметри е отстранет од постар пациент, а фотографијата ја објави познат доктор од Бања Лука, Бојан Козомара.
„Вака изгледа црв штотуку отстранет од очниот капак на постар пациент. Постапката ја изврши мојата драга колешка Тамара“, напиша тој на X.
Ovako izgleda crv upravo odstranjen iz kapka pacijenta starije životne dobi.
Zahvat izvršila moia draga kolegica Tamara… pic.twitter.com/6EK3CrhCE3
— Bojan Kozomara (@KozomaraBojan) September 17, 2025
Според него, црвот, најверојатно, потекнува од куче.
„Ќе го помилувате кучето кое има јајца од глисти, а потоа ќе се фатите за окото“, напиша тој во коментар објаснувајќи ја ситуацијата, објавува Nezavisne.com.
Фото: принтскрин
Регион
Татко си го прегазил малолетниот син со автомобил во градината: трагедија во БиХ

Шеснаесетмесечно момче е убиено во Брчко, БиХ, кога било прегазено од автомобил управуван од неговиот татко, потврди полицијата во тој град.
Трагедијата се случила вчера, а полицијата известила дека 30-годишен маж со иницијали Ј.Х. случајно го прегазил детето во градината на семејната куќа во населбата Церик.
„Таткото го донел детето во тешка состојба и врз него била извршена реанимација. Веднаш потоа, полициски службеници излегле на местото на настанот и ги презеле сите мерки и дејствија во нивна надлежност за да ги утврдат сите околности“, изјави портпаролката на полицијата на округот Брчко, Џевида Хукичевиќ.
„Таткото го спуштил детето за да се подготви за работа“
Агенцијата Фена денес ги објави сведоштвата на соседите кои рекле дека таткото го држел детето во раце, а потоа го оставил во градината за да се подготви за работа.
Полицијата добила пријава за трагедијата од локалната амбуланта, каде што веднаш било однесено тешко повреденото момче, но не можело да се спаси.
Соседите рекле дека го познавале Ј.Х. како вреден татко на пет деца кој се грижи за своето семејство работејќи тешка физичка работа.
Фото: принтскрин