Daily news
(Видеодебата) Сарачини: Шарената револуција не служеше некој да се офајди
Шарената револуција не е завршена, нејзината примарна цел, да се врати демократијата, е остварена, но битката допрва почнува, а претставниците од ова граѓанско движење, кои се директно вклучени во власта и институциите, се чини дека бавно и дефанзивно продолжија да ги спроведуваат интересите за кои се бореа на улиците.
\Ова е општиот заклучок од дебатата на „Макфакс“ на која своите размислувања на темата за придобивките од шарената револуција ги соочија Петрит Сарачини, новинар и активист, кој сега работи во одделот за односи со јавност на Министерството за култура, Маја Стевановиќ, професор и драмски автор, активен учесник во борбата на пленумците и измените во Законот за високото образование и автономноста на универзитетите, и граѓанските активисти Љуми Бекири и Ангела Илиевска.
Во јавноста се наметна размислувањето дали оние што ги водеа битките како граѓански активисти ја продолжија целта за колективното добро или новите привилигеии да бидат дел од власта ги омекнаа нивните ставови, односно се премачкаа со други бои.
И додека оние што и натаму се само дел од граѓанскиот сектор сметаат дека нивните шарени соборци во власта ги загубиле бунтовноста и енергичноста и се чини дека се дефанзивни кога се носат важни одлуки, од друга страна, пак, меѓу шарените во власта се дели ставот дека битките во институциите се посложени од оние на улица.
Според Сарачини, сосема е поинаква борбата на улица и кога таа се спроведува институционално. Смета дека неправедно посочуваат со прст кон активистите кои сега се дел од власта и институциите.
„Владее мислењето дека тие што сега на некој начин се дел од власта тоа го направиле за лична корист и да се офајдат. Ова е неаргументирано критизерство зашто, барем што се однесува до мене, минативе дваесетина години сум заработувал двојно од тоа што заработувам сега“, потенцира Сарачини.
Бекири и Илиевска потенцираа дека власта и претставниците на шарените како дел од неа треба да заземат цврст став кога се донесуваат важни одлуки, да не ги премолчуваат ставовите за кои некогаш се бореле и, конечно, попринципиелно да им се спротивстават на личностите кои како дел од поранешната власт ги кочат демократските процеси.
Шарената револуција е состојба на умот, а нејзината примарна цел секако е остварена, смета Стевановиќ, но дека за толку краток период во една толку разорена држава можеме да очекуваме некои драстични подобрувања е надвор од паметот.
(А. В.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.