Контакт

Daily news

Македонските спасувачи мобилизирани еден час пред Калина и Александар да бидат пронајдени мртви

Објавено пред

Дирекцијата за заштита и спасување, иако подготвена, не излезе на терен во потрага по планинарите Александар Миновски и Калина Велевска, кои пред две недели беа исчезнати, а потоа најдени мртви на планината Кајмакчалан.

dobivaj vesti na viber

Двајцата планинари беа пронајдени на македонска територија, од каде што мртвите тела ги извлекоа грчките служби. Од ДЗС велат дека имале информација дека планинарите се на грчка територија, а без службите на соседната држава да побараат помош, македонските спасувачи не можеле да дејствуваат.

– Иако бевме подготвени и комплетирани, не почнавме со претрага и нивно спасување. Причината е што во согласностс со добиената информација двајцата планинари беа од страната на Република Грција, а не од страната на Република Македонија. За ангажирање наши спасувачи на територија на други држави секогаш мора да има официјално барање од државата што бара помош ние да испратиме наши спасувачи – вели Слободан Вуковиќ од Дирекцијата за заштита и спасување за „Макфакс“.

Тој вели вели дека тимот на ДЗС бил целосно мобилизиран во 9 часот, а грчкиот извештај за несреќата покажува дека во 10 часот Калина и Александар биле пронајдени мртви. Акцијата не се извршува, никој не дал насока за понатамошна активност.

„На ден 11.2.2018 година (недела) во 3.30 часот добиена е информација од Секторот за внатрешни работи Битола дека во Република Грција при планинарење планинари од Скопје се изгубени, еден маж и една жена. Веднаш беше издадена наредба да се изврши процена, да соберат релевантни податоци, а потоа, доколку е потребно, веднаш да се почне со мобилизација на тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола. По извршената процена, во 4 часот е почната мобилизацијата. Таа заврши во 9 часот кога целокупната опрема беше ставена на располагање за престојната акција што требаше да се изврши и се чекаа насоки за понатамошна активност“, вели Вуковиќ.

Доколку дванаесетте спасувачи по целосната мобилизација во 9 часот беа испратени да го пребаруваат теренот, според сервисот „Гугл мапс“, ќе им требало минимум два часа да стигнат до врвот Кајмакчалан од македонска страна за да ја започнат акцијата. Дирекцијата за заштита и спасување теоретски би пристигнала во 11 часот, време кога, според барањето за обдукција на телата, грчките служби ги извлекувале безживотните тела на Калина и Александар од местото каде што се пронајдени.

Дирекцијата за заштита и спасување нема информации зошто АРМ не е вклучена во оваа активност. Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови, Јовица Угриновсвки, пред два дена изјави дека Калина и Александар можеле да бидат спасени. Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори предмет за расветлување на трагичниот настан на планинскиот врв Кајмакчалан. Тие издале наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ , нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.

Кристијан Ландов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,...

Топ4 часа

Маж нападнал девојче со нож, полицијата пукала за да го спречи, но тој избегал

Велешката полиција вчера попладне испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух во обид да го спречи нападот од 23-годишно лице кое...

Економија5 часа

Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка...

Топ6 часа

Го следеле од менувачница, го нападнале и му ги зеле парите

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Разбојништво по член 237 став...

Македонија8 часа

СДСМ тврди дека Јанев и Тошковски знаеле сè, а се сомневаат и во уништување на докази

Приведените полициски службеници за трагедијата во Кочани се истите за кои СДСМ со месеци наназад алармираше, објавуваше факти и аргументи...

Свет10 часа

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија....

Македонија10 часа

Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер,...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет20 часа

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет21 час

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...

Македонија1 ден

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија1 ден

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија1 ден

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија1 ден

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија1 ден

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија1 ден

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет1 ден

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија1 ден

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион1 ден

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија1 ден

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...