Контакт

Фени

Транспортерите кои се закануваат со три  блокади  околу „Фени“  се изманипулирани, тврдат вработени во комбинатот

Објавено пред

Компанијата „Нова логистик“ манипулира со транспортерите и ги подбуцнува да бараат исплата на долгови од компанија која не им должи , велат вработени во „Фени“, револтирани од заканите на транспортерите дека од понеделник ќе го блокираат влезот во фабриката, една лента на патот Градско-Прилеп, а ако треба и железничката пруга кај Росоман. Ниванта цел е да не дозволат швајцарската компанија ГСОЛ, закупец на комбинатот, да почне со набавка на руда додека не им ги исплати долговите направени од претходниот сопственик , „Кунико рисорсис“. Долгот изнесува околу 4 милиони евра кои „Фени“ ги должи на фирмата „Нова логистик“ која го организирала транспортот на рудата за комбинатот  и ги ангажирала транспортерите  кои сега излегуваат на блокади.

dobivaj vesti na viber

Исплатата на долговите е обврска на сопственикот на фабриката кој ќе се бара низ нејзина реорганизација  предвидена со стечајната постапка, што е во тек во судот во Велес, а закупецот доби обврска додека трае стечајната постапка, да го рестартира производството, да ги преземе трошоците за работа на фабриката и за исплата на платите на вработените оти со секој нов ден неработење на фабриката,  растат долговите.  И покрај ваквите решенија, транспортерите излегоа на блокада на патот Градско – Прилеп и бараа долговите да им бидат исплатени пред да почне производството во фабриката оти биле без пари.

По два дена блокада, транспортерите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, претставници на ГСОЛ и на „Нова логистик“ ,неделава, постигнаа договор, ГСОЛ да купи опрема и имот  од „Нова логистик“, а прите што ќе ги уплати  да бидат искористени за „Нова логистик“ да почне да ги обесштетува транспортерите. По само неколку часа од постигнувањето на договорот, „Нова логистик“ се предомисли и го отфрли.

„ На одржаниот состанок во Владата, ’Нова Логистик’ иако тврдеше дека веднаш би ја продала опремата за петрол кокс и рудата која се наоѓа во пристаништето во Солун потребна за работа на ’Фени’,  како би можело веднаш да се обесштетат транспортерите, тоа не се случи.’ Нова Логистик’, застапувана од адвокатот Бранко Колев, кој бил застапник и на интересите на групацијата ’Кунико’, едноставно ден потоа јасно истакна дека се повлекува од постигнатиот договорот во Владата, кој беше во интерес за што побрзо да се исплатат транспортерите. Една од причините за откажување на Нова Логистик од договорот, е поради тоа што се истакнува дека опремата за петрол кокс не е во нејзина сопственост, туку е транспортирана од  ’Фени’  во доцните вечерни часови без било какви одобренија и согласности, токму во моментите кога фабриката е пред отворање стечајна постапка. Во време на попишувањето од страна на извршителот, опремата за петрол кокс се наоѓа на приватен плац во Кавадарци, на фирмата ’НТ Експрес’, чиј што сопственик е Сашко Јовков, близок соработник на поранешниот директор на ’Фени’  од групацијата Кунико – кој е моментално во бегство и за кој надлежните институции имаат покренато повеќе кривични постапки“, велат за „Макфакс“ извори од фабриката.

Транспортерите се заканија дека нема да дозволат повторно да почне производството во „Фени“ се додека не им се исплатат долговите

Тие се сомневаат дека „Нова логистик“ повторно ќе се обиде да ја продаде рудата на „Кунико“ преку компанијата „Феро Никели“ од Косово. Вработените уште  еднаш потсетија дека „Нова логистик“ има побарувања во висина од околу 5 милиони евра од триесетина други фирми, а еден од најголемите доверители е фирмата „Ролис“ која пак се доведува во врска со семејството на ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Рудата што ’Нова Логистик’ ја транспортирале за  ’Фени’, е набавена од фирмата ’Ролис’ и според податоците, ’Ролис’ е исто така голем должник на ’Нова Логостик’, или поточно должи 1.5 милион евра. Реализацијата на долгот на ’Ролис’  кон ’ Нова Логистик’, од 1.5 милиони евра би помогнала во решавањето на ситуацијата со обесштетување на транспортерите.  Според официјалните податоци, сопственик на фирмата Ролис е Горан Митев од Кавадарци. Податоците од Централниот регистар сепак покажуваат дека Митев е сопственик, косопственик и управител на уште неколку фирми. Една од нив е фирмата „Селекта“.  Фирмата ’Селекта’, пак, е косопственик во фирмата „АЛМИАН“ ДОО, во која косопственици се и Иван Чавков, Зорица Чавкова, како и Томе Закирски и Горан Митев“, велат упатените во должничко – доверителските односи на фирмата „Нова логистик“.

Од „Нова логистик“ нема коментар на случувањата . На телефонските броеви на фирмата никој не одговара. Транспортерите, пак,  велат дека  нема да отстапат од планот в понеделник да го блокираат патот, влезот на фабриката, а не ја исклучуваат можноста за блокада и на железничката пруга за да се спречи секава можност за набавка на руда.

(М.И.П.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Анѓушев: „Фени“ е првиот успешен стечај

Објавено пред

„Фени индистри“ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, по завршувањето на првиот македонско-бугарски бизнис-форум „Македонија – Бугарија 2019“.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Анѓушев подвлече дека стечајот на „Фени индистри“ завршил успешно со целосно исплатени доверители, и е пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи.

„Практично вчера или завчера судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ‘Фени индистри’ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ‘Фени индистри’, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“, истакна Анѓушев.

Прикажи повеќе...

Економија

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Објавено пред

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и официјално заврши стечајната постапка за комбинатот низ која се бараше и нов инвеститор. Одобрен е планот на ГСОЛ, досегашниот закупец на комбинатот. Планот вторпат беше обжален на апелација од дел од доверителите.

dobivaj vesti na viber

„Апелациониот суд Скопје го потврди решението на Основниот суд Велес со кое се одобрува планот за реорганизација на стечајниот должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ‘Фени индустри АД Кавадарци’ – во стечај. Врз основа на наведеното, решението на Основен суд Велес за одобрување на планот за реорганизација на стечајниот должник е правосилно и претставува извршна исправа согласно со одредбите од Законот за стечај“, соопшти Основниот суд Велес.

Стечајот за „Фени“ беше отворен на крајот на 2018 година поради натрупани долгови од над 60 милиони евра, а низ стечајната постапка се бараше инвеститор што ќе ги покрие долговите и ќе понуди план за реорганизација на комбинатот без негово затворање. ГСОЛ понуди план, ги исплати долговите и ги задржа на работа вработените кои и покрај стечајот земаа плата, а од март лани беше рестартирано и производството.

Прикажи повеќе...

Истражувања

Се појави крунски доказ дека „Кунико“ го планирал стечајот на „Фени“

Објавено пред

По веста пред 6 месеци дека поранешниот сопственик на „Фени“ – „Кунико ресурсис“ (Cunico Resources) тужи 9 фирми и 4 физички лица за заговор со кој им е одземен „Фени“, „Макфакс“ дојде до документ презентиран во судот во Холандија, кој е крунски доказ дека „Кунико“ плански го одвел „Фени“ во стечај. Станува збор за финансиска анализа на „Кунико ресурсис“ подготвена од менаџерскиот тим на „Кунико“ на 13 јуни 2017 година, а наменета за Собранието на акционерите. Во анализата јасно стои дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен. Во документот пишува дека поради неплаќање на долговите, веќе во јули 2017 се очекува доверителите да почнат стечајна постапка.

dobivaj vesti na viber

„’Кунико груп’ ќе го остави ‘Фени’ и други делови на Групацијата без финансиска помош. Во овој случај ‘Фени’ ќе има акумулирано критична маса на достасани долгови до јули 2017 година. Нашата процена е дека секој обид да се реструктуира компанијата и да се направат договори за отплата нема да бидат успешни без финансиска поддршка од акционерите од ‘Кунико’ и поради тоа не може да се покаже разумна перспектива за компанијата. Поради тоа, повеќе од јасно е дека некој од кредиторите ќе поведе стечајна постапка или тоа само треба да го направи менаџментот на “Фени’“, се наведува во анализата.

„Кунико“ во извештајот ги предвидел сите можни сценарија за „Фени“, која е означена како најпроблематична компанија и донесен е заклучок дека ако оди во стечај, може да се спаси целата групација. Како дополнително ‘спасувачко’ сценарио е тоа да се случи и со „Њу ко фероникели“ во Косово.

„Од денешна перспектива овој план е спроведен и во пракса: ‘Фени’ отиде во стечај, а ‘Њу ко фероникели’ неколку месеци подоцна исто така доби нов сопственик. Оваа анализа е целосно спротивна на наводите на ‘Кунико’ дека постоел заговор за носење на ‘Фени’ во стечај. Очигледно заговорот го направил самиот ‘Кунико’, свесен за последиците“, велат вработени во комбинатот.

Финансиската анализа на „Кунико ресурсис“, подготвена пет месеци пред стечајот, покажува дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен

Анализата, која лани била строго доверлив документ, покажува дека „Кунико“ се грижел неговите компании да не ги исплатат долговите кон „Фени“.

„’Фени’ има побарувања од компании на Групацијата Кунико, и тоа 6,2 милиони американски долари од ‘Фероникели’, 11,8 милиони американски долари од ‘Кунико маркетинг’, 21,1 милион американски долари од ‘Кунико ресурсис’ и 1,1 милион американски долари од ‘Гуаксилан’. Има опасност ако Групацијата Кунико изгуби контрола врз ‘Фени’, стечајната управа да ги бара овие средства од компаниите. Во моментот го испитуваме потеклото на побарувањата и размислуваме да ги отпишеме ако се покаже дека нема соодветно објаснување“, стои во анализата.

Токму за незаконскиот отпис на долгови минатата година кривични пријави против менаџментот на „Кунико ресурсис“ поднесе Управата за финансиска полиција. Пред нецел месец тужба и кривични пријави против „Кунико ресурсис“, „Кунико маркетинг“, Јусуф Мирахмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев поднесе и стечајниот управник на „Фени“. Според кривичната пријава, која ја потврди Јавното обвинителство во Велес, пријавените се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност, но и фалсификување документи со кои е извршен незаконскиот отпис на 51 милион американски долари долг кон „Фени“. Веќе е утрвдено дека претходното раководство правело лажно датирање документи за да послужат за незаконскиот отпис.

Пред повеќе од една година беше обелоденето и дека ИМР (International Mineral Resources) со судска одлука од Холандија стекнал сопственост врз Групацијата Кунико ресурсис под услов да инвестираат 66,5 милиони американски долари, од кои, според кажувањата на вработените, никогаш ни долар не стигнал до „Фени“.
Стечајот на „Фени“ е заглавен и покрај планиот за реорганизација доставен од ГСОЛ, кој веќе двапати е изгласан на Собранието на доверителите со над 95 отсто поддршка. Жалби поднесуваат токму „Кунико ресурсис“ и „Кунико маркетинг“.

Од последниот протест на вработените во „Фени“ пред судот во Велес

Вработените на „Фени“ на секое рочиште протестираа и испраќаа порака да се стави крај на стечајот за кој велат дека ја загрозува нивната егзистенција.

На потег е Апелациониот суд во Скопје, кој треба да ја разгледа последната жалаба од „Кунико“. Од таа одлука зависи дали ќе заврши стечајната постапка за „Фени“, која почна лани во ноември.

„Кунко ресурсис“ беше недостапен за коментар на финансиската анализа, која од строго доверлив документ стана јавна тајна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија5 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ7 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија8 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија8 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ8 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија9 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ9 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа11 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион11 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа11 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет12 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет12 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија24 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет24 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија1 ден

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија1 ден

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...