Контакт

Фени

Снегот го одложи штрајкот на транспортерите на „Фени“

Објавено пред

Транспортерите на „Фени“ денес не излегоа на најавениот штрајк преку кој бараат целосна исплата на долгот од закупецот на фабриката. Тие се заканија дека ќе го спречат секој обид на закупецот за превоз на руда за комбинатот кој се подготвува за рестартирање на производството и за денес најавија блокада на патот Прилеп-Градско кај мотелот „Дреново“, блокада на влезот на фабриката и блокада на железничката пруга кај Росоман. Трајче Пеовски, претседател на здружението на транспортерите „Кипер“, вели дека штрајкот е ставен во мирување.

dobivaj vesti na viber

„Денес не излеговме на блокади поради снегот. Штрајкот ќе биде во мирување до среда, а од четврток, ако нема нов договор, продолжуваме со блокадите. Во среда вечерта ќе имаме состанок и ќе одлучиме на кој начин ќе штрајкуваме “, изјави претседателот Пеовски за „Макфакс“.

Тие денес добија уште еден предлог од швајцарската компанија ГСОЛ, закупец на „Фени“, за отплата на долгот.

„Еуроникел“ ДООЕЛ Скопје, претставништво на ГСОЛ, е подготвен да покрие 2 милиона евра од вкупните побарувања на транспортерите кон „Нова логистик“ и веднаш да ги ангажира за тековните транспортни потреби на фабриката, а преостанатите 1,1 милион евра ќе се исплатат во рок од 12 месеци по завршување на стечајната постапка. Во однос на цените на превозот, тие ќе бидат во согласност со стандардните на релација Кавадарци-Солун, што ги плаќаат кавадаречките фирми, а роковите на плаќање на 15 дена“, известија од ГСОЛ.

Овој предлог го дале кога минатата недела пропадна договорот за откуп на опрема и руда од „Нова логистик“, фирмата што ги ангажира транспортерите за превоз на руда за „Фени“. Утврдено било дека опремата не е нивна сопственост, а поведено е и барање за стечај на фирмата.

„Еуроникел“ денес  ги повика транспортерите да потпишат спогодба за отплата на долгот, но тие остануваат на барањето за целосна отплата на долгот.

„За нас, и овој прелог е неприфатлив. Ние бараме целосна исплата на долгот и остануваме на тоа барање“, вели Пеовски.

Во однос на забелешките дека бараат пари од фирма што не им должи и оти долговите треба да им ги исплати сопственикот на фабриката кој ќе се бара низ стечајната постапка со реструктуирање, транспортерите велат дека во „Фени“, место закупец, треба да влезе сопственик и порачуваат стечајниот судија, доверителите и банките да најдат сопственик на фабриката.

Фабриката доби закупец по отворањето на стечајната постапка со цел во најкус можен рок да продолжи производството, кое престана во септември лани, а со тоа да престане и таложењето долгови, кои до стечајот ги плаќаа банките. Закупецот доби обврска да ги покрива трошоците за фабриката и за платите на вработените додека трае стечајната постапка преку која се бара сопственик.

(М. И. П.)

Економија

(Видео) Анѓушев: „Фени“ е првиот успешен стечај

Објавено пред

„Фени индистри“ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, по завршувањето на првиот македонско-бугарски бизнис-форум „Македонија – Бугарија 2019“.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Анѓушев подвлече дека стечајот на „Фени индистри“ завршил успешно со целосно исплатени доверители, и е пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи.

„Практично вчера или завчера судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ‘Фени индистри’ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ‘Фени индистри’, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“, истакна Анѓушев.

Прикажи повеќе...

Економија

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Објавено пред

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и официјално заврши стечајната постапка за комбинатот низ која се бараше и нов инвеститор. Одобрен е планот на ГСОЛ, досегашниот закупец на комбинатот. Планот вторпат беше обжален на апелација од дел од доверителите.

dobivaj vesti na viber

„Апелациониот суд Скопје го потврди решението на Основниот суд Велес со кое се одобрува планот за реорганизација на стечајниот должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ‘Фени индустри АД Кавадарци’ – во стечај. Врз основа на наведеното, решението на Основен суд Велес за одобрување на планот за реорганизација на стечајниот должник е правосилно и претставува извршна исправа согласно со одредбите од Законот за стечај“, соопшти Основниот суд Велес.

Стечајот за „Фени“ беше отворен на крајот на 2018 година поради натрупани долгови од над 60 милиони евра, а низ стечајната постапка се бараше инвеститор што ќе ги покрие долговите и ќе понуди план за реорганизација на комбинатот без негово затворање. ГСОЛ понуди план, ги исплати долговите и ги задржа на работа вработените кои и покрај стечајот земаа плата, а од март лани беше рестартирано и производството.

Прикажи повеќе...

Истражувања

Се појави крунски доказ дека „Кунико“ го планирал стечајот на „Фени“

Објавено пред

По веста пред 6 месеци дека поранешниот сопственик на „Фени“ – „Кунико ресурсис“ (Cunico Resources) тужи 9 фирми и 4 физички лица за заговор со кој им е одземен „Фени“, „Макфакс“ дојде до документ презентиран во судот во Холандија, кој е крунски доказ дека „Кунико“ плански го одвел „Фени“ во стечај. Станува збор за финансиска анализа на „Кунико ресурсис“ подготвена од менаџерскиот тим на „Кунико“ на 13 јуни 2017 година, а наменета за Собранието на акционерите. Во анализата јасно стои дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен. Во документот пишува дека поради неплаќање на долговите, веќе во јули 2017 се очекува доверителите да почнат стечајна постапка.

dobivaj vesti na viber

„’Кунико груп’ ќе го остави ‘Фени’ и други делови на Групацијата без финансиска помош. Во овој случај ‘Фени’ ќе има акумулирано критична маса на достасани долгови до јули 2017 година. Нашата процена е дека секој обид да се реструктуира компанијата и да се направат договори за отплата нема да бидат успешни без финансиска поддршка од акционерите од ‘Кунико’ и поради тоа не може да се покаже разумна перспектива за компанијата. Поради тоа, повеќе од јасно е дека некој од кредиторите ќе поведе стечајна постапка или тоа само треба да го направи менаџментот на “Фени’“, се наведува во анализата.

„Кунико“ во извештајот ги предвидел сите можни сценарија за „Фени“, која е означена како најпроблематична компанија и донесен е заклучок дека ако оди во стечај, може да се спаси целата групација. Како дополнително ‘спасувачко’ сценарио е тоа да се случи и со „Њу ко фероникели“ во Косово.

„Од денешна перспектива овој план е спроведен и во пракса: ‘Фени’ отиде во стечај, а ‘Њу ко фероникели’ неколку месеци подоцна исто така доби нов сопственик. Оваа анализа е целосно спротивна на наводите на ‘Кунико’ дека постоел заговор за носење на ‘Фени’ во стечај. Очигледно заговорот го направил самиот ‘Кунико’, свесен за последиците“, велат вработени во комбинатот.

Финансиската анализа на „Кунико ресурсис“, подготвена пет месеци пред стечајот, покажува дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен

Анализата, која лани била строго доверлив документ, покажува дека „Кунико“ се грижел неговите компании да не ги исплатат долговите кон „Фени“.

„’Фени’ има побарувања од компании на Групацијата Кунико, и тоа 6,2 милиони американски долари од ‘Фероникели’, 11,8 милиони американски долари од ‘Кунико маркетинг’, 21,1 милион американски долари од ‘Кунико ресурсис’ и 1,1 милион американски долари од ‘Гуаксилан’. Има опасност ако Групацијата Кунико изгуби контрола врз ‘Фени’, стечајната управа да ги бара овие средства од компаниите. Во моментот го испитуваме потеклото на побарувањата и размислуваме да ги отпишеме ако се покаже дека нема соодветно објаснување“, стои во анализата.

Токму за незаконскиот отпис на долгови минатата година кривични пријави против менаџментот на „Кунико ресурсис“ поднесе Управата за финансиска полиција. Пред нецел месец тужба и кривични пријави против „Кунико ресурсис“, „Кунико маркетинг“, Јусуф Мирахмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев поднесе и стечајниот управник на „Фени“. Според кривичната пријава, која ја потврди Јавното обвинителство во Велес, пријавените се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност, но и фалсификување документи со кои е извршен незаконскиот отпис на 51 милион американски долари долг кон „Фени“. Веќе е утрвдено дека претходното раководство правело лажно датирање документи за да послужат за незаконскиот отпис.

Пред повеќе од една година беше обелоденето и дека ИМР (International Mineral Resources) со судска одлука од Холандија стекнал сопственост врз Групацијата Кунико ресурсис под услов да инвестираат 66,5 милиони американски долари, од кои, според кажувањата на вработените, никогаш ни долар не стигнал до „Фени“.
Стечајот на „Фени“ е заглавен и покрај планиот за реорганизација доставен од ГСОЛ, кој веќе двапати е изгласан на Собранието на доверителите со над 95 отсто поддршка. Жалби поднесуваат токму „Кунико ресурсис“ и „Кунико маркетинг“.

Од последниот протест на вработените во „Фени“ пред судот во Велес

Вработените на „Фени“ на секое рочиште протестираа и испраќаа порака да се стави крај на стечајот за кој велат дека ја загрозува нивната егзистенција.

На потег е Апелациониот суд во Скопје, кој треба да ја разгледа последната жалаба од „Кунико“. Од таа одлука зависи дали ќе заврши стечајната постапка за „Фени“, која почна лани во ноември.

„Кунко ресурсис“ беше недостапен за коментар на финансиската анализа, која од строго доверлив документ стана јавна тајна.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Израел објави фотографија од 33 заложници што Хамас треба да ги ослободи

Израел на официјалната страна на „Икс“ објави фотографија од 33. заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во следните...

Свет21 минута

Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени

Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели...

Свет35 минути

Трамп пристигна во Вашингтон

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два...

Свет46 минути

Израел продолжи со напади во Газа, Хамас не доставил список на заложниците поради „технички проблеми“

Израелската армија денеска, по истекот на рокот за почеток на примирјето во Газа, напаѓа во северниот и јужниот дел на...

Свет1 час

„Тик-ток“ не е достапен во САД

Кинескиот „Тик-ток“ не е во функција за корисниците во САД, пренесоа светските агенции. Апликацијата повеќе не е достапна на Apple...

Македонија3 часа

Православните верници го слават Богојавление – Водици, над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Вардар

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување...

Свет13 часа

Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, рече Нетанјаху

Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, со поддршка од САД, според условите на...

Македонија16 часа

Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат

Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој се...

Македонија19 часа

Полицаец зел 50 евра поткуп за побрзо вадење на пасош: „Знаете дека ние не се трудиме џабе” – и’ рекол на оштетената

Eдиниците на МВР во текот на вчерашниот ден приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп од 50 евра. Според информаците...

Македонија21 час

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Киев оствари средба со заменик претседателката на Владата на Украина, задолжена за...

Топ21 час

Седумдесетгодишник со маска и пиштол се обидел да ограби канцеларија за кредити во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Топ22 часа

Во животно загрозувачка состојба е пешакот кој беше удрен од автобус на ЈСП

Во животно загрозувачка состојба е пешакот кој вчера беше удрен од автобус на ЈСП во Скопје кај Транспортниот центар. Од...

Македонија23 часа

Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД. Премиерот коj ќе биде...

Свет1 ден

Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп

Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад...

Свет1 ден

„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка

„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава...

Свет1 ден

Израел ќе ослободи 737 палестинци во замена за заложниците

Израел ќе ослободи 737 палестински затвореници во замена за првите израелски заложници, што е првата фаза од договорот за прекин...

Свет1 ден

Мелони ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од...

Спорт2 дена

Ракометарите загубија од Холандија – Холанѓаните се пласираа во втората фаза

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил...

Македонија2 дена

Големи гужви попладнево на повеќе скопски улици – сообраќајот закочен

Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили...

Македонија2 дена

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово-Бељаковце, за две-три недели ќе имаме и нова железничка линија

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја ...