Контакт

Daily news

Високи функционери на НАТО и на ЕУ во посета на Македонија

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, во Клубот на пратеници на работен доручек разговараа со амбасадорот Алехандро Алваргонзалес, помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, кои се во прва заедничка посета на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Република Македонија и нејзината Влада се цврсто посветени државата да стане 30-та земја-членка на Алијансата, за што има консензус кај сите политички партии, но и висока поддршка од граѓаните на Македонија, рекоа министрите Шекеринска и Димитров.

„Република Македонија беше во сериозна политичка криза изминатите неколку години, но граѓаните и Владата покажаа дека доколку имаме волја, доколку сме посветени и цврсто решени да продолжиме на патот на реформите, ние имаме капацитет тоа и да го направиме. Во исклучително краток период, Република Македонија успеа повторно да се наметне како позитивен пример во регионот. Ги вложуваме сите напори да ги реализираме реформите кои се насочени кон секој припадник на Армијата, кон условите во кои тој работи, кон неговата опременост, знаења и вештини“, рече министерката.

Министерката Шекеринска истакна дека е важно да се спомене дека со приемот на Република Македонија, НАТО ќе има уште еден член кој има капацитет да даде свој придонес кон напорите на Алијансата за мир и безбедност на глобално ниво. Тоа, рече Шекеринска, е видливо и преку нашето долгогодишно учество во мисијата на НАТО во Авганистан, „Одлучна поддршка“ каде неодамна го зголемивме македонскиот контингент за 20 проценти.

Министерката додаде дека буџетот на Министерството е зголемен, но и дека тие средства се трошат рационално и домаќински. Информираше дека во моментов во Министерството за одбрана активно се работи на Стратегискиот одбранбен преглед, и дека тој документ ќе биде основа за натамошните реформи и правецот во кој ќе се развива Армијата на Република Македонија.

„Преку Стратегискиот одбранбен преглед ќе се добие слика за реалните потреби на одбраната и она што Република Македонија ќе може да го обезбеди. СОП ќе помогне во делот на модернизацијата на одбраната со дефинирање на вистинските приоритети“, рече Шекеринска.

Во тој контекст, министерката се заблагодари на НАТО – Алијансата и нејзините земји-членки, особено САД, Велика Британија и Германија за поддршката во создавање на квалитетен стратегиски документ. Шекеринска истакна дека Македонија сака да биде и добар сосед, зашто само поврзан и стабилен регион може да биде предуслов за развој.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја реафирмираше определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО, како еден од врвните приоритети на надворешната политика на Република Македонија. Аргументираше дека Република Македонија веќе долго време дејствува како де-факто земја членка на Алијансата, особено во споделувањето на заедничките одговорности со земјите членки на НАТО.

„Како одговорен член на меѓународната заедница и долгогодишен посветен партнер на Алијансата, Република Македонија ќе го зголеми учеството во мисијата „Одлучна поддршка” за 20%”, истакна Министерот Димитров.

Министерот Димитров ја подвлече определбата на Владата на Република Македонија за останување на реформскиот курс во рамките на МАП процесот, со цел понатамошно зајакнување на политичките, одбранбените и безбедносните перформанси на земјата, што води кон целосно и брзо интегрирање на земјата во НАТО.

Помошник-генералниот секретар на НАТО, Алваргонзалес рече дека пред една година биле загрижени од кризата во Македонија и ги охрабри лидерите да дадат максимум во правец на реформите. Исто така, тој додаде дека Владата на Република Македонија треба да биде горда на тоа што го прави за земјата и за иднината на нејзините граѓани.

Двајцата гости, Алваргонзалес и Поповски дадоа признание за реформите што ги спроведува Владата на Република Македонија, како и за придонесот во мисиите „Одлучна поддршка“ во Авганистан и АЛТЕА во БиХ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија2 часа

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија3 часа

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија4 часа

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ4 часа

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...

Свет6 часа

(Видео) Израел му одговори на Хамас со ракетен напад; Хамас: Погоден е камп, убиени жени и деца

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа...

Свет6 часа

(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат...

Европа6 часа

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу...

Македонија20 часа

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...

Македонија1 ден

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија1 ден

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија1 ден

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија2 дена

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија2 дена

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...

Топ2 дена

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион2 дена

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија2 дена

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија2 дена

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија3 дена

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија3 дена

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...