Црна хроника
Прегазен пешак кај Требеништа
Жител на село Требеништа загина во сообраќајна незгода што се случи во средата попладне во 17 часот и 45 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево кај спојот со локалниот пат за селото Требеништа.
Шеесет и четиригодишниот Јонче Ј. починал во возило на Брза помош на пат кон Општата болница во Охрид.Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од левата кон десната страна при што дошло до удар од патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(42) од Охрид. Ударот се случил на десната коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило кое се движело од Кичево кон Охрид.За време на увидот на местото на настанот, извршен од полициски екипи и вешто лице, сообраќајот на магистралниот пат не беше во застој односно, по една сообраќајна лента се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила. По наредба на Јавен обвинител, подигнати се траги за ДНК анализа, во СВР-Охрид земени се брисеви од усна шуплина од возачот и сопатникот во возилото „Рено Лагуна“ а во брза помош Охрид земена им е крв и урина за анализа.Врз телото на сега починатиот денеска ќе се изврши обдукција, а врз патничкото моторно возило дополнително вештачење./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

