Спорт
Како понатаму? Шарапова се повлече и од Мајами
Петкратната гренд слем шампионка Марија Шарапова повторно им даде причина за грижа на фановите кои сметаат дека нејзината иднина е неизвесна, откако се повлече од Мајами опен следната недела поради повреда на раката.
Русинката помина тешки неколку неде…

Петкратната гренд-слем шампионка Марија Шарапова повторно им даде причина за грижа на фановите кои сметаат дека нејзината иднина е неизвесна откако се повлече од Мајами опен следната недела поради повреда на раката.
Русинката помина тешки неколку недели по поразот во првото коло во Индијан Велс од Наоми Осака, по што ја прекина долгогодишната соработка со тренерот Свен Греневелд. Причината за повлекувањето од Мајами е враќање на старата повреда на левата надлактица.
„Навистина ми е жал што не можам да играм во Мајами бидејќи тоа е еден од моите омилени турнири, но ќе направам сѐ да се вратам што е можно побргу“, вели Шарапова.
30-годишната Русинка имаше повеќе повреди во својата кариера, и ова е уште еден удар по 15-месечната допинг-суспензија за позитивен тест на мелдониум. Таа се врати минатата пролет, но не успеа да се врати во најдобра форма. Директорот на турнирот, поранешниот тенисер Џејмс Блејк, вели дека сочувствува во Шарапова.
„Знам колку Марија сакаше да игра оваа година, така што можам да замислам колку е разочарана. Едвај чекав да ја гледам в среда, меѓутоа повредите се дел од овој спорт“, вели Блејк.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

