Европа
Киев има намера да ги врати источните региони
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин изјави во вторникот дека прозападните власти во Киев имаат намера „да ги вратат“ побунетите рускојазични источни региони по изборите коишто се одржаа во неделата, во интервју за германскиот дневен весник Bild.
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин изјави во вторникот дека прозападните власти во Киев имаат намера „да ги вратат“ побунетите рускојазични источни региони по изборите коишто се одржаа во неделата, во интервју за германскиот дневен весник Bild.
„Неколку региони на истокот од Украина се под контрола на проруските терористи и руските единици. Меѓутоа, тоа се украински региони и ќе ги вратиме“, вели во интервјуто шефот на украинската дипломатија Павло Климкин, со што го потврди заострениот тон на украинскиот претседател Петро Порошенко од понеделникот.
Климкин не изнесува никакви детали за евентуална воена офанзива, и покрај тоа августовската офанзива на силите лојални на Киев доживеа неуспех а единиците во контраофанзивата на проруските бунтовници беа потисната од областите коишто ги имаа под контрола.
Киев и Западот тврдат дека украинските владини сили се борат и проти редовни руски единици, што Москва упорно го негира и бара докази за таквите тврдења, но не се негира дека доброволци заминуваат извесен период во редовите на бунтовниците.
Како и Порошенко во понеделникот, и неговиот прв дипломат Климкин гласањето за претседатели и народни совети во самопрогласените ткн народни републики во Донецк и во Луганск од неделата кои ги осуди Западот а Русија ги признава, ги нарече „големо кршење“ на договорот од Минск од 5-ти септември, постигнат меѓу Киев и бунтовниците, со посредство на Москва и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„Не знам дали може да се зборува за целосен неуспех на мировниот процес, но руското признавање на изборите тешко ја компромитира заложбата и спроведувањето на договорот од Минск“, вели Климкин и бара од Западот да ги заостри санкциите и да врши „поголем притисок“ врз Русија.
Во врска со тоа Москва веќе соопшти дека изборите во Донецк и во Луганск ќе придонесат за мировните преговори бидејќи регионите коишто со закон на украинскиот парламент добија „специјален статус“ во рок до три години според Минската спогодба, ќе имаат легитимно избрани челници коишто ќе претстауваат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс
Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна интеграција на пазарот и можни федерални гаранции за инвестиции. Планот беше презентиран вчера за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин, додека европските лидери се обидуваат да испратат силна порака до американскиот претседател Доналд Трамп за единството на континентот во поддршка на Украина, објави Ројтерс.
„Силната украинска одбранбена индустрија е од суштинско значење за одбраната од руска агресивна војна и е важен елемент на безбедносните гаранции за одвраќање на идната руска агресија“, според документ дистрибуиран за време на посетата на Зеленски, која следеше по продолжувањето на мировните разговори со американските претставници.
Зајакнување на одбранбената соработка
Според новиот план, Германија и Украина ќе соработуваат поблиску на истражувањето во одбраната, заедничките инвестиции и набавките. Како најголем европски поддржувач на Украина, Германија, исто така, размислува за користење на федерални гаранции за поттикнување инвестиции во одбранбената индустрија на Украина.
Конкретни чекори и иницијативи
Планот, исто така, предвидува испитување на можноста за заедничка набавка на одбранбена опрема произведена во Украина, особено беспилотни летала-пресретнувачи, за заштита на воздушниот простор на НАТО, како дел од европската иницијатива „Небесен штит“.
Со цел зајакнување на индустриските врски, во Берлин ќе се формира канцеларија за врска за украинската одбранбена индустрија наречена Ukraine Freedom House. Министерствата за одбрана на двете земји ќе одржуваат редовни консултации на високо ниво, а Германија ќе го зголеми присуството на своите воени аташеа во Киев и ќе ја интензивира размената на експерти.
Во документот, исто така, се наведува дека Германија и Украина ќе преземат сеопфатни мерки за спречување на корупцијата. Овој потег е одговор на загриженоста на Западот по најголемиот корупциски скандал во Киев за време на војната, што доведе до оставка на двајца министри и началникот на кабинетот на претседателот Зеленски.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845

