Црна хроника
Спречен шверц на 13 килограми марихуана
Во рамките на акцијата „Април” која се спроведува од страна на Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Македонија, а која има за цел откривање на дрога и друга криумчарена стока, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи-мобилни тимови, во саботата на граничен премин Табановце спречија шверц на 13 килограми високо квалитетна марихуана.
Имено, на 19 април 2014 година, околу 14:00 часот на граничниот премин Табановце автопат за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Цитроен Ксара Пикасо со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин со иницијали Ф.К.(22). Во возилото како сопатник било присутно уште едно лице А.Л.(22), исто така албански државјанин.
При контрола на лицата и возилото, инспекторите од Одделението за оперативни работи забележале дека дел од каросеријата е свежо бојадисан, китиран и видно изменет, а при отстранување на китираното место се појавила специјално направена плочка. Со отстранување на металната плочка се гледа специјално направен бункер во кој се пронајдени 15 (петнаесет) пакетчиња обвиткани со селотејп трака премачкани со црна мрсна материја и наполнети со непозната тревкаста материја.
Во понатамошен преглед на возилото, под десното совозачко седиште, по отстранување на теписонот и пластичната преграда пронајдени се уште 11 (единаесет) исто такви пакетчиња, обвиткани со селотејп трака премачкани со црна мрсна материја. При извршено теститање со тестер “NIK” утврдено е дека сите 26 пакетчиња, со тежина од 13 килограми се наполнети со марихуана.
По спроведените предистражни мерки, царинските инспектори утврдија дека Ф.К. и А.Л., биле ангажирани од страна на лице, државјанин на Република Албанија, за сума од 3.000 евра со возилото да ја пренесат дрогата преку Македонија, Србија, Унгарија и Австрија, до Хамбург – Германија, каде истата требало да биде превземена. Осомничените го превзеле веќе подготвеното возило од лицето кое ги најмило да ја пренесат дрогата и со истото се упатиле кон Германија преку Р.Македонија каде на Граничниот премин Табановце биле откриени.
Запленетата марихуана, на западно европскиот наркопазар, при продажба на големо има вредност од околу 40.000 евра, а доколку би се продавала на помали количини, цената би била неколкукратно повисока.
Царинската управа на Република Македонија против осомничените поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

