Црна хроника
Бројот настрадани во уривањето во театарот во Лондон се искачи на 80

Медицинските екипи пружиле помош на повеќе од 80 настрадани при уривањето во театарот „Apollo“ во центарот на Лондон за време на претстава во четвртокот навечер, објави градската служба за Брза помош на британската престолнина.
„Помош им е укажана на повеќе од 88 настрадани, седум од нив се тешко повредени“, изјавиле лекарите коишто се наоѓаат на местото на инцидентот, пренесува телевизискиoт канал Sky News.
Претходно спасителите соопштија дека од под урнатините се евакуирани сите луѓе кои биле заробени. Според првичните сознанија за време на претстава се урнал дел од таван или балконот во театарот.
Дел од ѕид и потпора во театарот Apollo лондонскиот кварт Вест Енд се урнале врз публиката исполнувајќи го речиси исполнетиот докрај салон со 775 места со облаци густа прашина околу 40 минути по почетокот на изведбата на претставата „The Curious Incident Of The Dog In The Night-time“ од Марк Хадон. Очевидци рекле дека се слушале „крцкање“ но мислеле дека тоа е дел од претставата.
Apollo е еден од култните театри на лондонски Вест Енд, е отворено во 1901 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час

Вчера во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 56-годишниот Д.Д. од Тетово.
При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.
Црна хроника
Пијан скопјанец возел во спротивна лента и удрил во друг автомобил, повредено едно лице

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец.
Осомничениот, вчера во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода.
Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување. Со возилото преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и со предниот лев страничен дел од автомобилот удрил во возило „Фиат стило“ кое доаѓало од спротивна страна. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот „Фиат стило“.
Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – привремено одземање на возачката дозвола на осомничениот и забрана за издавање нова.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Ф.Р. и останатите сопатнички од возилото „форд“, С.Л., М.А., М.Џ и М.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.