Контакт

Домашен

АМС: Игор Стефановски-Иџе, стипендист од светска категорија

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески, во вторникот  организираше прием за европскиот шампион во класата ридски трки,  автомобилистот Игор Стефановски – Иџе.

dobivaj vesti na viber

Стефановски според правилникот за категоризација на спортистите, ќе се стекне со стипендија од светска категорија, односно во наредните четири години секој месец ќе прима стипендија во износ од две просечни плати, 42 илјади денари или околу 700 евра. Исто така, по завршувањето на спортската кариера, ќе се стекне и со Национално спортско признание популарно наречено спортска пензија„Oва што го говорам, со посветена работа и упорност, успеа да го потврди, нашиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој успеа со златни букви, покрај неговото име, да го испише и името на Република Македонија во автомобилистичка Европа“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт.Игор Стефановски – Иџе заблагодарувајќи се за приемот, истакнал дека неговиот  успех претставува успех и за Македонија и за автомобилистичкиот спорт.„Од идната година ќе стартувам со уште појако темпо за да го одбранам првото место во мојата категорија бидејќи ќе претставуваме фаворити и за мене ќе претставува уште поголем мотив бидејќи секаде ќе биде истакнато македонското знаме и името на Република Македонија“, рече Стефановски./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија5 часа

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија5 часа

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија6 часа

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија7 часа

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија7 часа

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...

Македонија8 часа

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: „Има силен инетерес“

Владата соопшти дека рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари низ државата е продолжен до 23 јули...

Македонија8 часа

Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод и Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за...

Македонија9 часа

Партијата Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието...

Македонија10 часа

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за август

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога...

Македонија11 часа

Уапсена докторка од Битола поради примање поткуп

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од...

Македонија11 часа

Народниот правобранител Зибери замина во пензија

Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија, со што му престанува функцијата,...

Топ14 часа

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и...

Регион16 часа

Три лица извлечени од морето во разни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти...

Свет16 часа

(Видео) Американците: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле...

Свет17 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот...

Свет1 ден

Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да...

Македонија1 ден

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...