Регион
Ердоган: Ако се докажат руските тврдења за купувањето нафта од IS, ќе поднесам оставка

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече во среда дека никој нема право да ја ‘клевети’ Турција дека купува нафта од таканаречената Исламска држава и најави дека ќе поднесе оставка доколку таквите наводи се покажат како вистинити.
Ердоган, говорејќи на Универзитетот во Доха, главниот град на Катар, со тоа ги коментираше изјавите на функционер во руското Министерство за одбрана, кој тврди дека имат докази оти Турција е главниот купец на нафтата од терористичката организација Исламска држава и дека во бизнисот е вплеткано семејството на турскиот претседател Ердоган.
„Никој нема право да ја клевети Турција говорејќи дека Турција купува нафта од Даеш“, рече Ердоган користејќи ја арапската скратеница за Исламска држава.
Во Москва функционери на руското Министерство за одбрана како доказ за ваквите тврдења прикажаа сателитска снимка за која тврдат дека прикажува колона цистерни што се полнат со нафта на постројките што ги контролира IS во Сирија и во Ирак, а потоа ја преминуваат границата кон соседна Турција. Утврдиле дека Турција е главен потрошувач на та нафта украдена од легитимните власти во Сирија и Ирак и го обвинија водството на земјата, вклучувајќи го претседателот Ердоган и неговото семејство, дека се вклучени „во тој злосторнички бизнис“.
Претставници на турската влада овие тврдења ги оценија како неосновани. Односите меѓу двете земји се влошија кога минатата недела турската војска собори руски бомбардер во близина на сириската граница, на што Москва одговори со економски санкции за Турција.
Продажбата на нафта е клучен извор на приходи за Исламска држава. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин