Европа
Путин и Меркел сакаат брза меѓународна истрага за падот на малезискиот авион

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин се договорија дека треба да се спроведе меѓународна и независна истрага под водство на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) за падот на малезискиот авион во источна Украина, соопштија во саботата германската влада и Кремљ кој соопшти за разговорот меѓу рускиот челник и холандскиот премиер Марк Руте.
Во телефонскиот разговор двајцата челници се согласиле дека на меѓународната независна истрага предводена од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) траба да ѝ се овозможи пристап до местото на несреќата на авионот „Boeing 777“ на компанијата „Malaysia Airlines“ во источна Украина за да се разјаснат околностите за падот и да ги подигне телата на настраданите, се наведува во соопштението на германската влада.Кремљ од своја страна истакна дека „двајцата челници инсистирале на важноста од објективна и прецизна истрага“.Меркел изјавила дека истрагата треба да ја води Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), се додава во соопштението на Кремљ. Канцеларката притоа го поздравила предлогот на Русија во истрагата да вклучи и еден свој претставник. Берлин додаде и дека двајцата лидери се согласиле дека итно треба да се одржи состанок на Контактната група, којашто ја сочинуваат претставникот на Киев, поранешниот претседател Леонид Кучма бидејќи новите прозападни власти одбиваат директни контакти со проруските бунтовници, и руски претставник, како и претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со бутновниците, за да договорат прекин на огнот. Западните агенции истакнуваат дека во соопштението на владата на Германија во новото соопштение за разговорот меѓу Меркел и Путин веќе не бил користен терминот „сепаратисти“, кој бил присутен во првото соопштение испратено 45 минути претходно. Канвеларката повторно побарала од претседателот Путин да изврши притисок врз бунтовниците во таа цел, додава германската влада.Подоцна во саботата Путин имал разговор и со холандскиот премиер Марк Руте, при што исто така предложил независна истрага за падот на авионот во кој загинаа најмногу холандски државјани.„Беше постигната согласност да продолжат разговорите за прашањата за независна, отворена и објективна истрага за причините за несреќата во регионот Донецк. Нагласено беше дека таа мора да биде меѓународна и да ја спроведе ICAO со вклучување на сите заинтересирани страни“, се вели во соопштението на Кремљ. Путин и Руте особено ја истакнале „неопходноста да се стори сѐ што е можно да се обезбеди работата на претставниците на ОБСЕ и достапот на меѓународните експерти во областа на падот“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Почна преместувањето на телото на папата

Првата снимка доаѓа од капелата во Домот Света Марта, каде кардиналите се собрани во молитва.
„Го придружуваме Франциско на ова последно патување“, се вели во преносот, „со сите добри дела што ги направи за доброто на Црквата“.
По префрлањето на телото на починатиот папа од неговата резиденција во базиликата Свети Петар во Ватикан, телото буквално ќе им биде изложено на верниците.
Поворката започнува од капелата на Домот. Во него учествуваат кардинали и патријарси, а потоа кардиналот одаран и господарот на литургиските празнувања.
Носителите ќе го пренесат телото на починатиот папа Франциско, а ќе ги следат неговите секретари, членовите на семејството и персоналот.
Поворката ќе помине низ Via della Sacrestia, потоа преку плоштадот на римските првомаченици и сводот на камбаните за да влезе на плоштадот Свети Петар. Откако ќе поминат низ секторот Свети Петар, ќе се упатат кон централниот дел на плоштадот, ќе се искачат на централната зграда и потоа преку централниот портал ќе влезат во базиликата Свети Петар, каде што минувајќи низ главниот кораб ќе стигнат до гробот на Свети Петар.
Верниците ќе имаат можност да му оддадат почит на Папата во деновите пред погребот во сабота.
Базиликата ќе биде отворена во следните периоди:
Среда, 23 април – од 11:00 до 12:00 часот по локално време
Четврток, 24 април – 07:00 до 24:00 часот
Петок, 25 април – од 07:00 до 19:00 часот
Европа
Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица во бранот напади чија цел била цивилната инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица.
Целосниот обем на нападот, кој ги држеше будни Киев и источната половина на Украина неколку часа во текот на ноќта, не беше веднаш познат.
„Русите нападнаа автобус со вработени во компанијата кои одеа на работа во Марханец“, изјави на Телеграм Микола Лукашук, претседател на регионалниот совет на Днепропетровск.
Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск, кој го опфаќа Марханец, во централна и јужна Украина, рече дека девет лица загинале, а најмалку 30 се повредени во нападот.
Украинската служба за итни случаи соопшти дека имало и напад на квартот Синелникевски во областа Дњепропетровск, во кој две лица се повредени, а избувнал пожар во земјоделско претпријатие.
Русија, исто така, изврши „масовен“ напад со беспилотни летала врз централниот украински регион Полтава, при што беа повредени најмалку шест лица, соопшти службите за итни случаи во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
„Само цивилната инфраструктура на градот беше под непријателски напад“, објавија службите за итни случаи на Телеграм.
Избувнале неколку пожари кои оштетиле станбени згради, деловни објекти, магацини и гаражи, информираат од службите за итна помош, објавувајќи фотографии од пожарникарите кои ноќе се борат со пламените јазици.
Две лица се повредени во напад со беспилотно летало врз цивилна инфраструктура на периферијата на пристанишниот град Одеса на Црното Море, кој исто така предизвика неколку пожари, изјави на Телеграм Олех Кипер, гувернер на јужната украинска област Одеса.
Големи пожари избувнаа и како резултат на напад на руски дрон врз вториот по големина град во Украина, Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм.
Единиците за противвоздушна одбрана исто така беа ангажирани во одбивањето напади врз регионот на Киев, но нема извештаи за потенцијална штета.
Засега нема коментар од Русија за нападите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините единици за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 11 украински беспилотни летала над неколку руски региони и над Кримскиот Полуостров. Регионалните гувернери изјавија дека нема извештаи за непосредна штета.
Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.