Скопје
Карпош оддаде почит кон загинатите од земјотресот во Скопје
Делегација на Општина Карпош во сабота на градските гробишта во Бутел, во име на своите сограѓани, изрази почит и сеќавање на жртвите во земјотресот што на 26-ти јули 1963 го погоди Скопје.
Делегацијата беше предводена од претседателот на советот на општината Карпош, Сашо Лазаровски и членовите на Советот Горан Михајлов и Тања Ристевска.
Тие положија свежо цвеќе пред споменикот на настраданите жители на Скопје на градските гробишта во Бутел.
Пред 51 години на овој ден, 26-ти јули 1963-тата година, утрото во пет часот и 17 минути Скопје го погоди катастрофален земјотерес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала.
Во урнатините животот го загубија 1.100 лица, 3.000 беа повредени, а 200.000 останаа без покрив над главата. Меѓу најнастраданите подрачја во градот беше Општина Карпош.
Меѓутоа, Карпош израсна во модерна општина, во општина на солидарноста во чие постземјотресно издигнување учествуваа инженерски и спасувачки екипи од сите краишта на светот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

