Црна хроника
Кривични пријави за вработени во Министерството и Инспкеторатот за животна средина
Министерството за внатрешни работи во рамки на Оперативната обработка „Зелено“ до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 16 лица, од кои 7 службени лица вработени во Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и 9-мина сопственици, управители или овластени лица во компании.
Сите осомничени се гонат за разни незаконитости во работењето, а кривичните пријави кои им се ставаат на товар се однесуваат на основани сомненија за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „давање поткуп“.Седуммина од пријавените во својство на службени лица, вработени во Министерството, Државниот инспекторат и Управата за животна средина, во текот на 2014 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување на одредени правни или физички лица кои се јавуваат во својство на баратели на дозволи или потврди за вршење дејност-увоз на стоки со ознака Д4, односно кои согласно тарифникот се под режим на ограничен увоз, а кои дозволи се издаваат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, им овозможуваат противправно да се стекнат со истите и покрај тоа што не поседуваат целокупна документација. Покрај тоа, пријавените вршеле редовни инспекциски контроли и притоа во записниците од извршената контрола им внесувале лажни податоци, односно податоци кои не соодвествувале со состојбата на лице место со цел да не бидат казнети, а да бидат фаворизирани пред други правни субјекти, по што продолжувале противправно да обавуваат дејност, а за сметка на тоа се стекнувале со противправна имотна корист. За истото да биде реализирано, осомничените сопственици и управители на правни субјекти, на пријавените службени лица им ветувале, односно им давале поткуп во форма на парични средства, угостителски услуги и патувања во земјата и странство за да постапат противзаконски во делот на издавање различен вид на дозволи и покрај што барателите не ја поседувале целокупна документација. На ист начин се обидувале да издејствуваат и скусување на законски предвидените рокови потребни за издавање на одреден вид на дозволи, поточно ексим дозволи за увоз на стоки, како и да вршат притисок врз точно посочени правни субјекти – создавачи на отпад од пакување да склучат договори со точно посочени Управувачи со отпад чии сопственици и управители се дел од пријавените, а кои пак се во блиски релации со службените лица.Во средата уапсени беа тројца од осомничените, а четвртото лице за кое е издадена наредба не е достапен за органите на прогонот од причина што истиот е надвор од границите на Р.Македонија. Тројцата осомничени се изведени пред Судија на претходна постапка кој им одреди мерки на претпазливост, односно забрана да го напуштат живеалиштето поради што им се одземени патните исправи и имаат обврска да се јавуваат во Суд, како и забрана за вршење на дејност./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

