Контакт

Региони

Завршува реконструкцијата на зградата на Општина Ресен

Објавено пред

По неколкумесечна интензивна работа, Ресен во петокот беше промовирано завршувањето на реконструкцијата на општинската административната зграда, којашто со примена на најсовремените мерки на енергетската ефикасност, не само што доби целосно нов изглед, туку веќе ги генерира очекуваните заштеди.

dobivaj vesti na viber

„Значителните енергетски загуби на општинската зграда беа главната причина за високите сметки за нејзино греење и ладење. Тоа претставуваше значајно оптоварување за општинскиот буџет. Ефектите од спроведените мерки се повеќекратни и веќе мерливи, во финансиска и еколошка смисла“, рече Ѓоко Стрезовски, фрадоначалник на Општина Ресен.Реконструцијата на објектот е овозможена благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Станува збор за еден иновативен пристап на обезбедување на средства за заштита на овој иклучително важен езерски екосистем, преку инвестиции во енергетската ефикасност. „Овој потфат е одличен пример на искористување на позитивните финански ефекти на енергетсктата ефикасност во подобрувањето на заштитата на природните ресурси. Значителните заштеди што во континуитет ќе ги генерира намалената употреба на електрична енергија и други енергенси, ќе се преточат во инвестиции за заштита на еден од најважните езерски екосистеми во светски рамки“, изјави постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. Годишните заштеди од спроведените мерки, со проценета вредност од околу 15 илјади евра, Општината Ресен има намера да ги користи во обезбедување на одржливо функционирање на езерската мониторинг станица во селото Стење. Работата на мониторинг станицата, чијашто изградба е во тек, ќе биде од еден од клучните елементи на идната заштита на Преспанското Езеро. Овој реконструкциски потфат, со вкупна вредност од околу 100 илјади евра, вклучува целосна изолација на објектот со примена на најсовремена термоизолациона фасада, комплетна промена на столаријата (прозорци и врати) и реконструкција на покривот со примена на дополнителна изолација. Дополнително, променети се старите азбест-цементни покривни плочи со нови, од природни материјали.Со вкупна вредност од 6,3 милиони швајцарски франци, Проектот за заштита на Преспанското Езеро, во рамките на кој се спроведуваат овие, но и други бројни иницијативи, претставува еден од најзначајните проекти во целокупниот регион. Неговата реализација, покрај директниот придонес кон заштитата на овој глобално значаен езерски екосистем, има позитивно влијае и врз неговиот социо – економски развој./крај/мф/си

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет7 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија11 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија12 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија12 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија13 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија14 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија16 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија17 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија17 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ17 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа18 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет19 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет19 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ19 часа

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет1 ден

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија1 ден

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија1 ден

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија1 ден

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ1 ден

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...