Uncategorized
100-дневна пржинска влада или предвремени избори со скратени рокови?
Дали ќе се одржат предвремени парламентарни заедно со претседателските избори се очекува да се знае утре по Централниот одбор на СДСМ, каде што, освен за кандидат за претседател, социјалдемократите ќе одлучуваат и дали да го прифатат барањето на опозицијата за избори. За да се организира техничка влада по принципот на пржинската, која предвидува сто дена пред избори да има технички премиер, во согласност со Законот за Владата, што партиите едногласно го донесоа пред само шест месеци, ќе треба до крајот на неделава да се распишат изборите за да се стигне 5 мај, датумот кога би требало да се одржи вториот круг од претседателските избори.
Друга опција е можните предвремени избори да се организираат со скратени рокови во согласност со Изборниот законик, но така, наместо сто дена, преодната влада со технички премиер и двајца министри од опозицијата би имала покус период на располагање, што не е во согласност со Законот за Владата, па оттука се отвора прашањето дали партиите ќе пристапат кон повторно менување на законот ако се договорат да одат на парламентарни избори на ист трошок со претседателските.
И од власта и од опозицијата не сакаат официјално да коментираат ништо пред конечната одлука за избори, но од СДСМ неофицијално велат дека има начин да се распишат избори со скратени рокови ако тоа е прифатливо за опозицијата. Законот за Владата, како што го толкуваат од владејачката партија, важел само за редовни, а не и за предвремени парламентарни избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека тие бараат да се почитуваат роковите за пржинска влада и дека други толкувања на законот за нив се неприфатливи. За опцијата да прифатат скратени рокови, велат дека ќе почекаат првин официјално што ќе понуди СДСМ утре, па потоа ќе заземат став.
Ако партиите се договорат за предвремени парламентарни заедно со претседателските и се повикаат на член 63 од Уставот, кој предвидува изборите за пратеници да се одржат 60 дена по распуштање на Собранието, тогаш тоа би требало да се случи на 6 март за да се стигне до 5 мај. За предвремени парламентарни избори, роковите што се пропишани со Изборниот законик се скратуваат пет дена, освен за изборната кампања, која задолжително мора да трае 20 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

