Контакт

Свет

Уапсен болничар за силување неподвижна пациентка, која роди бебе

Објавено пред

Болничар што се грижел за неподвижна пациентка во болница за долготрајна здравствена нега во Аризона е обвинет за силување на жената неколку недели откако таа роди бебе, а никој не ни забележал дека таа е бремена.

dobivaj vesti na viber

Истражителите во Аризона го уапсиле 36-годишниот Нејтан Сатерленд за сексуален напад и злоупотреба на возрасно ранливо лице, соопшти полицијата.

Пациентка во болницата во Феникс со години била неподвижна и во кома. Таа минатиот месец родила дете, а подоцна се дознало дека таа во моментот на нападот била свесна, но парализирана, пишува „Сан“.

Полицијата зела ДНК-примерок од вработените медицински лица во болницата, при што ило откриено дека ДНК на Сатерленд се совпаѓа со ДНК на новороденото бебе, што би значело дека тој е таткото.

Овој случај го шокира светот кога жената која веќе со години била неподвижна оддеднаш родила дете, а болничарите не ни забележале дека таа е бремена. Полицијата веднаш се посомневала дека се работи за силување и почнала истрага.

Свет

Маж бил прогласен за мртов во Индија, се разбудил кога требало да го кремираат

Објавено пред

Дваесет и петгодишен маж, кој бил прогласен за мртов оваа недела во Индија, се разбудил во пресрет на неговото кремирање, пишува „Фокс њуз“.

dobivaj vesti na viber

Рохиташ Кумар (25), кој е глув, бил прогласен за мртов во болница во државата Раџастан во северозападна Индија без обдукција.

Откако станало јасно дека Кумар е жив пред кремирањето во четвртокот попладне, семејството го вратило во болница, каде што починал во петокот рано наутро.

Тројцата лекари кои прогласиле мртов Кумар во болницата Багван Дас Кетан се суспендирани, објави весникот.

Според Дејли Мејл, кој се повикува на агенцијата АФП, Кумар доживеал епилептичен напад. Лекарите се обиделе да го оживеат, но откриле срцева слабост.

„Ситуацијата не е далеку од чудо“, изјави сведок од погребот за локалниот медиум ЕТВ Бхарат.

„Сите бевме во шок. Тој беше прогласен за мртов, а таму дишеше и беше жив“, додаде тој.

Рамавтар Меена, владин функционер во областа Џунџуну во Раџастан, го нарече инцидентот „грубо невнимание“.

„Ќе преземеме мерки против одговорните. Детално ќе се истражат и методите на работа на лекарот“, рече тој, додавајќи дека специјална комисија ќе го испита случајот.

Прикажи повеќе...

Свет

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Објавено пред

Низ Израел се огласија сирените, по што следеа неколку ракетни напади од правец на Либан, во кои беа ранети неколку лица, соопшти израелската армија.

dobivaj vesti na viber

Проиранската милиција Хезболах истрела приближно 150 ракети, принудувајќи ги цивилите во засолништата во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.

Војската објави дека за само неколку минути биле истрелани околу 30 проектили кон крајбрежниот град Хаифа и западната Галилеја, но некои од нив биле пресретнати. Во нападите наводно биле ранети неколку лица.

Нападите се случија еден ден по израелскиот воздушен напад врз Бејрут, според либанските власти, во кој загинаа најмалку 20 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Објавено пред

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.

„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.

Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија2 часа

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...

Македонија4 часа

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион7 часа

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...

Свет11 часа

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ23 часа

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ24 часа

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија1 ден

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија1 ден

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет1 ден

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет1 ден

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет1 ден

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет2 дена

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија2 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија2 дена

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...