Топ
Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев. Тој не сакаше да ги открие имињата на функционерите со образложение дека ќе почека тие самите да го сторат тоа.
„Дел од функционерите го најавуваат тоа, па фала Богу гледаат и алтернативи на државните институции. Имаме одлични дефицитарни профили кои можат да бидат и побогати и понапредни ако изберат да одат во приватните институции. Државата е тука да им помогне на сите млади луѓе, на сите граѓани. Но сакам да напоменам дека правиме детална анализа, се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци, начинот на конкурирање, фер и транспарентната на правичната постапка во делот на вработувањето“, кажа Заев.
Тој повтори дека се прават анализи за начинот на вработувањето и додаде дека извештаите од институциите ги очекува во текот на неделава.
„Ќе ги соопштам јавно овие информации, но сакам да афирмирам до сите граѓани, како и до граѓаните кои се дел од семејствата на функционерите. Сите ние сме пример во ова општество, ако навистина сакаме да го потврдиме тоа што го зборуваме, дека подобро платени места има во приватниот сектор, дека простор за напредување има во приватниот сектор, дека растот на платите е во приватниот сектор. Јас верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување, и на тој начин ќе ја покажеме нашата совесност кон останатите граѓани, затоа што сите се еднакви пред законот и пред институциите, но она што треба да биде пример е етичкото однесување на сите функционери почнувајќи од мене па членовите на владата и парламентот, директори на институции и сл.
Претходно, антикорупциската комисија најави дека отвора предмети за 18 роднини на функционери каде ќе се утврдува дали при нивното вработување во државни институции имало влијание и судир на интереси. Меѓу првите на списокот се роднините на пратениците Мира Стојчевска, Александар Кирацовски, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Горан Мисовски, Костадин Костадинов, ќерката на Талат Џафери и сестрите на министерите Асаф Адеми и Крешник Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа во однос на капацитетите. „Вистинската опасност е економската стагнација и губењето на конкурентноста“, рече Орбан.
Додека полскиот премиер Доналд Туск разговараше со група полски новинари на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген, еден од нив реши да му постави прашање на Орбан, кој беше во близина и даваше коментари на унгарските новинари.
„Кој претставува главна закана за Европа“, извика новинарот, очекувајќи коментар од унгарскиот политичар.
Туск потоа му рече на Орбан: „Ова е провокација“.
Сепак, Орбан остана смирен и му одговори на новинарот: „Вистинската опасност? Економска стагнација и губење на конкурентноста“.
„Не Русија?“, праша потоа полскиот новинар.
😅Best dialogue at the Copenhagen summit!
– Orban: “We all spend more on armaments than Russia, so why are we afraid? We are stronger than them.”
– Tusk (tugging Orban by the sleeve): “I love it when he uses my arguments.” pic.twitter.com/7YF9Hs3Wfs
— NEXTA (@nexta_tv) October 2, 2025
„Ние сме посилни од Русија. Направете некои споредби и засновајте го вашето мислење на факти. Имаме повеќе од 400 милиони луѓе, а Русија има околу 130. Погледнете го европскиот БДП, толку е голем. Русија е толку мала. Сè заедно, 27 земји, трошиме повеќе за војската отколку Русите. Па зошто се плашиме? Ние сме посилни од нив“, нагласи Орбан.
„Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи“, се вмеша Туск. Орбан додаде дека европските земји мора „да се обединат и заедно да ги бранат своите интереси“.
Пред неколку дена, Орбан изјави дека Русија „веќе ја добила“ војната против Украина, иако е воено и економски слаба. Орбан, исто така, рече дека руските беспилотни летала ќе бидат соборени ако влезат во унгарскиот воздушен простор.
Топ
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., извести МВР.
За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.
Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром.
„Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче.
Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати.
„Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат на ДДВ, а во наше време тоа се исплаќаше во истиот ден и час кога требаше да се случи. Сериозно е нарушена ликвидноста на компаниите, стопанството, поради тоа што државата и општините не ги вршат навреме исплатите.“
Во обраќањето, Филипче нагласи дека власта ги изневери сите граѓани, вклучително и пензионерите.
„Денеска на виделина излезе уште една лага, а тоа е за пензионерите – само 1.000 денари зголемување. Над 97% од вкупниот број на пензионери кои сега земаат само 1.000 денари, требаше по нашата методологија да земат 2.000 денари“, рече Филипче.
На граѓанската трибина тој порача дека не постои ниту една област во која ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со резултати.
„Ваква ненародна Влада, мислам дека држава, нема една сфера во која што е добро. Нема еден проект, една работа за која може да се пофалат“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Овој хаос, како што кажа Филипче е резултат на нефункционалната и незаинтересирана Влада на ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа е само доказ за една незаинтересираност и некапацитетност на оваа Влада која нема намера да направи и да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните и државата.“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.