Свет
Нов проблем за Тереза Меј – евроскептиците ќе гласаат против брегзитот
Британската премиерка Тереза Меј се соочува со ново понижување кога двете големи евроскептични фракции во Парламентот предупредиле дека ќе гласаат против нејзиниот договор за развод бидејќи не успеала да добие отстапки од Европската Унија.
Само 18 дена пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, на 29 март, Меј настојува во последен момент да обезбеди промена на договорот за напуштање на блокот пред утрешното гласање во Парламентот за тоа дали ќе го одобри договорот.
Ако повторно биде одбиен договорот, пратениците в среда ќе гласаат за напуштање на ЕУ без договор, на 29 март, а доколку го одбијат и тоа, тогаш в четврток ќе гласаат за одложување на брегзитот.
Нигел Додс, потпретседател на Демократската унионистичка партија, која поддржува малцинска влада на премиерката Меј, и Стив Бекер, водечко лице во големата евроскептична фракција на нејзината Конзервативна партија, предупредија дека договорот на Меј ќе биде одбиен.
Европските претставници соопштија дека во преговорите за време на викендот не бил постигнат напредок и изразиле незадоволство од обидите на Меј да обезбеди отстапки само неколку недели пред британскиот излез од Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Европа ќе најде повеќе од 15 милијарди долари за оружје за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е уверен дека сојузниците ќе најдат средства за купување американско оружје за вооружените сили на Украина. Тој го изјави ова денес на прес-конференција во Киев, пренесува „Украинска правда“.
Одговарајќи на прашањето како би можеле да се соберат 15,5 милијарди долари што ги побара Украина за финансирање на програмата PURL, која се користи за купување оружје во Соединетите Американски Држави, Руте вети дека средствата дефинитивно ќе бидат обезбедени.
„Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, рече тој. Генералниот секретар, сепак, призна дека нееднаквите придонеси од различни земји имаат негативен ефект. „Во моментов, две третини од сојузниците учествуваат во програмата PURL и во право сте, постои проблем со распределба на товарот“.
Тој рече дека ситуацијата во која некои земји им помагаат на вооружените сили на Украина во купувањето американско оружје, додека други не, е ненормална. „Во моментов, некои сојузници прават многу, многу сојузници прават нешто, а неколку не прават ништо. Сепак, повеќето сега се вклучени во PURL.
Но, ни треба подобра распределба на товарот во рамките на НАТО. Работиме на тоа“, додаде Руте. Тој, исто така, ги истакна поединечните земји кои значително придонесуваат за набавките во рамките на програмата PURL, имено Канада, Норвешка и Германија, како и Шведска и балтичките држави.
Руте претходно изјави дека 90% од ракетите за воздушната одбрана на Украина биле испорачани преку програмата PURL.
Свет
Макрон: Во тек се технички подготовки за директни разговори меѓу Европа и Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно воспоставување директни разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина, додавајќи дека е важно Европејците да ги обноват своите комуникациски канали, но дека Русија не покажува подготвеност да постигне мировен договор со продолжување на бомбардирањето на Украина.
„Мора да биде подготвена, затоа се во тек технички разговори за да се овозможи тоа“, рече Макрон како одговор на новинарско прашање за неговиот повик од декември за обновување на преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, пишува бриселски „Политико“.
Макрон истакна дека е важно Европејците да ги обноват своите канали за комуникација со Русија, нагласувајќи дека подготовките се одвиваат на техничко ниво.
Тој додаде дека сите разговори со Путин мора да бидат координирани со претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговите „клучни европски колеги“, нагласувајќи ја улогата на таканаречената „Коалиција на волјата“, која ги собира земјите што ја поддржуваат Украина.
Францускиот претседател, сепак, оцени дека со продолжувањето на бомбардирањето на Украина, Русија не покажува подготвеност за постигнување мировен договор.
„Пред се, денес продолжуваме да ја поддржуваме Украина, која е под бомби, на студ, со руски напади врз цивили и украинска енергетска инфраструктура, што е неприфатливо и не покажува вистинска волја за мировни преговори“, рече Макрон, според Танјуг.
Свет
СЗО бара да се обезбедат пари за итни здравствени случаи
Светската здравствена организација (СЗО) бара да се обезбедат една милијарда долари за здравствени итни случаи оваа година.
Чиквез Ихеквезу на прес-конференција во Женева изјави дека апелот за обезбедување пари е помал од минатата година, бидејќи финансирањето од донаторите се намалува, објави Ројтерс.
„Се фокусираме на оние на кои им е најпотребно, каде што можеме да спасиме најмногу животи“, истакна Ихеквезу. Според него, средствата ќе бидат насочени кон 36 итни здравствени ситуации, вклучувајќи ги Газа, Судан и Украина.
„Длабоко сме загрижени за огромните потреби и како ќе ги задоволиме“, додаде тој. Ихеквезу негираше дека СЗО целосно ќе се повлече од каква било криза.
„Она што го направивме е дека, во секој од тие контексти, можеби не направивме толку колку што би сакале“, рече Ихеквезу.
Соединетите Американски Држави официјално ја напуштија СЗО на 22 јануари, откако ја обвинија глобалната здравствена агенција за справувањето со пандемијата Ковид-19. Во минатото, САД беа главен донатор за здравствените вонредни состојби на СЗО, кои се потпираат на доброволни донации и на нејзиниот поширок буџет, кој делумно се базира на задолжителни членарини.

