Европа
Европскиот суд за човекови права ја поддржа француската забрана за носење бурка во јавноста
Европскиот суд за човекови права во вторникот ја поддржа забраната донесена во Франција за носење бурка, традиционалната муслиманска облека за жените којашто го прекрива лицето и телото, во јавноста и со тоа ја отфрли тужбата на една Французинка против државата поради кршење на верските слободи.

Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е конечна во овој случај.
Франција има најголема муслиманска заедница во Европа, и се проценува дека ги има пет милиони, но истовремено има едни од најрестриктивните закони за истакнување верски обележја во јавноста.
На 12-ти октомври 2010 година во Франција, како прва европска земја, беше донесен а на 11-ти април 2011 година стапи на сила законот за забрана на носење на јавни места и на улици облека којашто претставува „целосен превез”, меѓу кои иранската паранџа, арапските никаб и бурка, прифатени и од пакистанските и авганистанските жени.
Сите видови на оваа исламска облека речиси целосно го покриваат телото на жената, а бурката дури го прекрива и целото лицето. Според законот, на жените за носењето ваков вид облека им се заканува казна од 150 евра и не смеат во таква облека да се појавуваат на улици, паркови, плажи, во продавници, ресторани, театри, железничките станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски сали и во јавниот транспорт.
Законот за забрана на јавни места носење муслиманска традиционална облека за жени, бурка и никаб, со кои целосно се прикрива лицето, стапи на сила и во Белгија 23-ти јули 2011 година. За прекршување на забраната е предвидена казна затвор до седум дена и парична казна од 137,5 евра.
Германската покраина Есен, со која управуваат христијанските демократи на Ангела Меркел, на почетокот од февруари 2011 годинава стана прв регион во земјата каде жените вработени во јавниот сектор нема да смеат да носат бурки. Одлуката беше донесена откако една локална учителка побарала од нејзиното училиште да и’ дозволи да носи бурка на наставата по враќањето од породилното отсуство. Таа пред тоа не го носела традиционалниот муслимански вел./крај/мф/сн
Европскиот суд за човекови права ја поддржа француската забрана за носење бурка во јавноста Стразбур, 01.07.2014 (Макфакс) – Европскиот суд за човекови права во вторникот ја поддржа забраната донесена во Франција за носење бурка, традиционалната муслиманска облека за жените којашто го прекрива лицето и телото, во јавноста и со тоа ја отфрли тужбата на една Французинка против државата поради кршење на верските слободи.
Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е конечна во овој случај.
Франција има најголема муслиманска заедница во Европа, и се проценува дека ги има пет милиони, но истовремено има едни од најрестриктивните закони за истакнување верски обележја во јавноста.
На 12-ти октомври 2010 година во Франција, како прва европска земја, беше донесен а на 11-ти април 2011 година стапи на сила законот за забрана на носење на јавни места и на улици облека којашто претставува „целосен превез”, меѓу кои иранската паранџа, арапските никаб и бурка, прифатени и од пакистанските и авганистанските жени.
Сите видови на оваа исламска облека речиси целосно го покриваат телото на жената, а бурката дури го прекрива и целото лицето. Според законот, на жените за носењето ваков вид облека им се заканува казна од 150 евра и не смеат во таква облека да се појавуваат на улици, паркови, плажи, во продавници, ресторани, театри, железничките станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски сали и во јавниот транспорт.
Законот за забрана на јавни места носење муслиманска традиционална облека за жени, бурка и никаб, со кои целосно се прикрива лицето, стапи на сила и во Белгија 23-ти јули 2011 година. За прекршување на забраната е предвидена казна затвор до седум дена и парична казна од 137,5 евра.
Германската покраина Есен, со која управуваат христијанските демократи на Ангела Меркел, на почетокот од февруари 2011 годинава стана прв регион во земјата каде жените вработени во јавниот сектор нема да смеат да носат бурки. Одлуката беше донесена откако една локална учителка побарала од нејзиното училиште да и’ дозволи да носи бурка на наставата по враќањето од породилното отсуство. Таа пред тоа не го носела традиционалниот муслимански вел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.