Спорт
„Финале против Челси за совршен крај на кариерата“

Голманот на Арсенал, Петр Чех, по изборениот пласман во финалето во Лига Европа, рекол дека не можел да посака подобар крај на кариерата. Арсенал на 29 мај за титулата ќе се бори против Челси, клуб во кој Чех мина 11 години.
Арсенал во полуфиналето со вкупен резултат 7:3 ја елиминира Валенсија, а Челси дури по изведувањето пенали, славеше над Ајнтрахт од Франкфурт.
„Пркрасен крај на мојата кариера ќе биде натпреварот против мојот поранешен клуб во финалето во Лига Европа“, рекол Чех и додал:
„Постојат денови кога играте добро и тогаш си мислите дека треба да продолжите да играте, но јас мислам дека донесов добра, балансирана одлука. Можев да останам во фудбалот уште две години, но повеќе сакам да се повлечам сега отколку кога ќе биде предоцна. Сакав да заминам по мои услови. Мојот последен сон беше да играм во финалето во Лига Европа. Тое се оствари, сега сонот ми е да го освојам трофејот“.
37-годишниот Чех во 2013 година со Челси ја освои Лига Европа, а годината претходно стигна и до пехарот во Лигата на шампионите. Дресот на Арсенал поранешниот репрезентативец на Чешка го носи од 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ристовски на Инстаграм: Добредојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито)

Во петтото коло од Премиер лигата на БиХ, Сараево претрпе тежок пораз на гостувањето кај Борац во Бања Лука. Екипата чии дрес го носи поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, загуби со 5:1.
Медиумите пишуваат дека натпреварот го обележа судењето на Сабри Топаловиќ. Најмногу контроверзии предизвика поништениот гол на Сараево за 2:2. ВАР процени дека на почетокот на акцијата Михаел Млинариќ играл со рака.
Можете да ја погледнете ситуацијата на видеото од 5:42.
Ситуацијата стана уште покомплицирана во 64-та минута, кога Момоду Џата беше исклучен при резултат 2:1.
Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за Сараево. По натпреварот објави на Инстаграм: „Добредојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито)“, напиша тој, а набрзо ја избриша објавата. Ристовски јасно го изрази своето незадоволство од судењето.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Навивачите на Јунајтед се бесни на капитенот: Пратете го тој клошар во Арабија

Навивачите на Манчестер јунајтед ги искажаа своите фрустрации на социјалните мрежи откако Бруно Фернандеш промаши пенал против Фулам.
Капитенот на „црвените ѓаволи“, шутираше високо над голот, што предизвика лавина од коментари и критики на социјалните медиуми. Во дел од коментарите се бара одговорност од лидерот на тимот, некои му порачаа да си змаине.
„Ова е најлошото промашување од пенал што сум го видел. Дали замина на месечината затоа што таму гаѓаше!! Срамно и понижувачки, ова не е доволно добро.“
„Испратете го тој клошар во Арабија“
„Пукаше кон ѕвездите, падна на месечината. Бруно Фернандеш“
„Бруно Фернандеш, ова не е рагби“.
„Манчестер јунајтед мора да продолжи понатаму без Бруно Фернандеш. Тој го носи клубот наназад“
Контроверзноста беше засилена со видео од моментот пред да биде изведен пеналот. Фернандес тврдеше дека судијата случајно го допрел и ја му нарушил рутината, и рече дека отсуството на извинување дополнително го вознемирило. Тој истакна дека промашувањето не се должи на неговата техника на шутирање, но го нагласи психолошкиот ефект бидејќи судијата му ја нарушил рутината.
Натпреварот заврши нерешено 1:1. Јунајтед поведе преку автоголот на Родриго Муниз, а Емил Смит Роу израмни неколку минути по влегувањето во играта.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Најдобрата асистенција во НБА ја има… Никола Јокиќ

Вљубениците во НБА кошарката секоја година имаат можност да ги избираат најдобрите потези од претходната сезона. Според нив најобрата асистенција во сезоната 2024/2025 ја има Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец, минатата сезона ја заврши со трипл-дабл просек, но не успеа четврти пат во кариерата да стане МВП. Престижната награда му припадна на Шеј-Гилџес Александер од Оклахома сити Тандер.
Секоја година, навивачите гласаат за најдобрата асистенција од минатата сезона, според нив најдоброто додавање е забележано на 26 март, на натпреварот Денвер Нагетс-Милвоки Бакс.
Нагетс триумфираа дома со резултат од 127:117, а Јокиќ го предводеше тимот со фантастична игра и трипл дабл од 39 поени и по 10 скока и асистенции. Тој најмногу ја воодушеви публиката со додавањето „без гледање“ за Арон Гордон, кој сето тоа го зачини со забивање.
🚨 The results are in for State Farm Assist of the Year 🚨
Nikola Jokić wins the 2025 NBA Fan Favorites Award for his no-look, over-the-shoulder pass as voted by YOU, the fans! pic.twitter.com/37TjxVEF50
— NBA (@NBA) August 24, 2025