Контакт

Меѓународен

Ман. Сити елиминиран од Лига купот

Објавено пред

Фудбалерите на Тотенхем, Њукасл и Саутемптон ја комплетираа листата на екипи кои ќе играат во четвртфиналето на англискиот Лига куп. Најголемото изненадување во осминафиналето го направи Њукасл кој како гостин го победи Манчестер Сити со 2-0.

dobivaj vesti na viber

Њукасл ја забележа втората гостинска победа по ред, откако во неделата во првенството славеа над Тотенхем во Лондон, во средата го победија Манчестер Сити. Головите за победа на Њукасл ги постигнаа Аронс во шестата и Сисоко во 76.минута. Манчестер Сити три натпревари по ред не знае за победа.

 

Тотенхем со рутинска игра го елиминираше нисколигашот Брајтон и Хоув, головите во победата од 2-0 ги постигнаа Ламела и Кејн.

 

Саутемптон се наоѓа во извонредна форма, а тоа го потврди и на Британија стадионот против домаќинот Стоук. Саутемптон победи со 3-2, два гола постигна Грацијано Пеле, а еден Шејн Лонг. Стрелци за Стоук беа Нзонзи и Дијуф.

 

Пласман во четвртфиналето покрај Њукасл, Тотенхем и Саутемптон остварија уште и Челзи, Бурнемут, Дерби Каунти, Ливерпул и Шефилд јунајтед. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Поради повреда од петарда 13-годишно дете најверојатно ќе остане со инвалидитет на раката, според лекарите

Според директорот Небојша Настов во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на новогодишната ноќ имало вкупно 81 прегледан...

Македонија2 часа

18 лица завршиле на Токсикологија за новогодишната ноќ, најмладиот има 14 години

18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има...

Македонија2 часа

Муцунски: Евроинтеграцијата, активниот придонес во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот и оваа година

„На прагот сме на новата година, време кога традиционално се осврнуваме на достигнувањата и предизвиците од изминатата година. Ова беше...

Свет4 часа

Полска го презеде претседавањето со ЕУ

На првиот ден од новата година Полска од унгарски раце го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, чиј фокус...

Македонија5 часа

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои...

Македонија5 часа

Првото бебе во 2025 година е машко

Ноќеска во 00.01 часот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во Македонија. –...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет18 часа

(Видео) Необичен триаголен авион снимен во Кина, за што станува збор

Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како и одговорните за безбедноста, беа изненадени од видеата од кинеската провинција Ченгду. На...

Регион19 часа

Експерти: Настрешницата во Нови Сад била 23 тони потешка од дозволеното

Конструкцијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица, била...

Регион19 часа

(Видео) Пожар на главната железничка станица во Софија: најмалку 4 лица загинаа,

Најмалку четири лица го загубија животот во пожар што рано утринава избувна во вагон на Главната железничка станица во Софија....

Македонија19 часа

Неработни денови за 2025 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ број 21/98 и 18/07) во 2025 година...

Регион20 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Србија, едномесечни близнаци се борат за живот

Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад тешко се повредени две едномесечни близначиња, а српски Телеграф пишува дека во болница...

Македонија20 часа

Помилувања од претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а...

Свет20 часа

(Видео) Сиднеј со спектакуларен огномет влезе во 2025 година

Во Сиднеј со спектакулаен огномет почна 2025 година. Happy New Year 2025 from Sydney, Australiapic.twitter.com/IYLD7RZDmU — Massimo (@Rainmaker1973) December 31,...

Забава22 часа

Јадете умерено и не пазарете импулсивно – препораки за правилна исхрана за време на празничните денови

Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци не е лесно да се придржуваме...

Македонија22 часа

МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница за поранешниот директор на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП, бесплатен јавен превоз за студентите ќе има

Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. „Имајќи ја...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка....

Скопје1 ден

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката...

Свет1 ден

Шест лица ранети во престрелка во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче

Шест лица се ранети во пукање во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска...