Црна хроника
Битолчанец се бори за живот откако бил нападнат пред сендвичара

Битолчанец се бори за живот во Клиничката болница во Битола, откако бил нападнат од непознато лице синоќа околу 1.30 часот пред сендвичарата „Божино“ во Битола, соопшти МВР.
Шеесет и едногодишниот битолчанец бил пронајден пред сендвичарата како лежи во бессознание, имал внатрешно крварење на мозокот и неколку скршеници на коските од лицето.
Сега се наоѓа во бессознание на одделението за интензивна нега и е во животна опасност.
Продавачката во сендвичарата во полиција изјавила дека додека битолчанецот седел во претпоследниот ред на столици од сендвичарата, непознато лице му удрило тупаница во носот. Битолчанецот паднал со главата на плочките. Полицијата трага по напаѓачот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Топ
Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид.
Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Предизвикале пожар крадејќи бакар: кривични пријави за малолетник и уште двајца кумановци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’.
Имено на 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.