Региони
Штипскa Ласкавица доби мини плоштад и нова селска чешма
Пред утрешната прослава по повод 8-ми ноември, Денот на ослободувањето на Штип, селото Лесковица во петокот доби нов мини-плоштад и обновена селска чешма. Освен тоа, комплетно е уреден хортикултурно сиот простор околу плоштадот.
Проектот е дел од заложбите на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и локалната самоуправа за инфраструктурно подобрување на условите за живот во руралните и селските средини. Инвестицијата чинеше 200.000 денари а средствата ги обезбеди општината,
„Ветив дека до крајот на мојот мандат нема да има село коешто ќе биде без локален пат. Лексовица е само еден дел од она што го правевеме изминатите година ипол, но и она што ќе го правиме во иднина. Пред извесно време ги асфалтиравме двете главни улици во селото, водоснабдувањето премина во рацете на Јавното претпријатие ’Исар’, а сега направивме и мал плоштад. Тоа е наш мал придонес за заживување на селата, за враќање на пензионерите на нивните огништа и секако надеж дека нивните деца и внуци еден ден ќе се вратат овде. Лесковица има богата историја и заслужува да се вложиме за да обезбедиме подобри услови за живот на луѓето тука. ваквата полицика на општината ќе продолжи, поддржана и од Владата на Македонија која инвестира во развојо на рурланите средини“, изјави Захариев.
Пуштањето на мини-плоштадот беше проследено со културно-уметничка програма а вредните домаќинки бројните гости ги пречекаа со домашни производи. Лесковица се наоѓа на патот кон Неготино, на околу дваесетина километри од Штип. Сличен мини-плоштад Захариев направи и во село Драгоево, а обнови и десетина селски чешми. Беа асфлатирани, исто така, и пристапни патишта до неколку села, како што се Горачино, Сарчиево, до брана Мантово, крак 1 и 2 до село Љуботен, делници од патот до село Пиперово а во план е асфалтирање и на патишта до селата Пухче, Калапетровци, Танатарци и др./крај/мф/др
Извор: (ФОТО: 1мк.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.