Црна хроника
Притвор за таткото од Дебар што ја обљубил малолетната ќерка
Татко на возраст од 48 години, ја обљубил својата 14 – годишна ќерка, поради што заработи притвор од 48 часа и кривична пријава.
Татко на возраст од 48 години, ја обљубил својата 14 – годишна ќерка, поради што заработи притвор од 48 часа и кривична пријава.
Како што соопшти СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „родосквернавење“, полициската станица Дебар, поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Дебар по што Основниот суд-Гостивар му одреди мерка притвор до 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“ – Скопје. Пријавениот, на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз неговата 14- годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден. Веднаш по добивањето на пријавата известен е Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија се случиле повеќепати и започнале пред три ипол месеца. По наредба на Јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на девојчето.Пријавениот е ѝ претходно познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување исправи./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.