Црна хроника
Повлечено обвинението за петмина вработени во МВР за убиството на Тушевски
Обвинителството го повлече обвинението против последните петмина обвинети за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев.
Сите обвинети коишто беа ослободени во завршниот збор на обвинителството работеле и се уште работат во Министерството за внатрешни работи. Беа обвинети дека биле на лице место кога се случило убиството, но дека не презеле доволно дејствија.
Ослободените од обвинението, Милан Спасов, Благојче Димитриевски, Горан Петровски, Едвард Фишер и Бранислава Стојчевски за време на убиството работеле како инспектори во Секторот за набљудување и документирање и ги следеле Марјан Тушевски и Киро Јанев, но никој од инспекторите не ги видел сторителите.
Обвинителката, Лидија Раичевиќ Вучкова го повлече обвинението против петмината бидејќи нема докази дека обвинетите однапред знаеле дека таму во тој момент ќе се случи убиство.
Против останатите обвинети, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски обвинителката тврди дека има докази.
„За клучни докази се сметаат дел од исказите на сведоците. Од материјалните докази ништо не се издвојува бидејќи сите имаат еднаква важност во постапката. За ослободените, во доказите недостасуваше еден важен елемент, а тоа е немавме докази дека постоело однапред дадено информација дека токму тука ќе се случи убиство. Кога во текот на постапката во фаза на откривање кога имаме каков било доказ, во конкретниов случај за поранешниот министер Бошковски, се работи за вербален доказ кој посочува дека тоа лице има дејствија на помагање вие едноставно во својство на јавен обвинител мора да гоните“, изјави обвинителката Раичевиќ Вучкова.
Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да нарача убиство за Тушевски. Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец.
Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство
Раичевиќ, обвинетите Сашо Јовановски-Тупан и Вук Вукиќевиќ кој е во бегство ги нарече директни помагачи во убиството, Бошкоски, психолошки помагач, а Зоран Трајковски, Никола Нигриевски, посредни помагачи во убиството.
Обвинителката во завршните зборови изрази надеж дека со овој случај ќе се искорени практиката високите политички структури да бидат блиски со криминални структури, како во овој случај. Според обвинението, Бошкоски како министер бил близок и со Тушевски и со Коруновски. Коруновски и Тушевски ги расипале односите кога шурата на Бошкоски заедно со Коруновски требало да отворат бизнис со стриптиз бар, што му претставувало конкуренција на Тушевски. Коруновски дознал дека Тушевски сака да го ликвидира, па за да го спречи тоа тој нарачал да го ликвидираат Тушевски.
На следното рочиште се очекува одбраната и обвинетите да даваат свои завршни зборови по што судијата треба да закаже датум за пресуда./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возеле со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола: уапсени осум возачи во Велес, Делчево, скопско, Битола и Прилеп
На 03.02.2026 во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 03.02.2026 во 00:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода К.П.(31) од Скопје. При сообраќајна контрола на бул.„Гевгелија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 18:00 часот на влез во с.Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(24) од с.Батинци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал со впишана забрана за управување на моторно возило од 22.12.2025 до 21.04.2026. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 15:33 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 14:31 часот на патот Битола-Демир Хисар, кај с.Кукуречани, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.А.(24) од Демир Хисар. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 13:45 часот на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И.(39) од с.Норово, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека истиот возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 10:30 часот на патот за с.Бистрица, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ш.Б.(34) од с.Острец, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Кичево и Струга: возеле без положен возачки испит и со изречена забрана за управување возило
Вчера во 15:12 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.А.(42) од село Шум, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со струшки регистарски ознаки, при што е кое констатирано дека го управувал без положен возачки испит. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.
Вчера во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Е.(40) од село Србица, кичевско. При сообраќајна контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 64 километри на час на место каде брзината е ограничена на 50 километри на час. При контролата, исто така, е констатирано дека лицето има изречено забрана за управување моторно возило од Б категорија. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а и член 300 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

