Спорт
Руски ММА ѕвер! „Лудиот Макс“ Новоселов собори огромна мечка (видео)
Ако мислевте дека Хабиб Нурмагомедов е „најлудиот“ ММА фајтер од Русија, тогаш не сте запознаени со тешкашкот Максим „Лудиот Макс“ Новоселов.
Кога Хабиб стана прва УФЦ ѕвезда едно од видеата кои го потврдија митот за „борецот од Кавказот“ беше тоа на малиот борец против мечка. Сега, 46-годишниот Новоселов отиде чекор понапред – се бореше со огромна меча во кафез во Перм, Сибир, и успеа да ја „преврти“.
„Мечка се бори со мечка“, вели Новоселов на стартот на видеото, пред околу една минута да го малтретира животното.
„Тоа беше добар противник за мене – тежи околу 250 кила. Не страдавме ниту двајцата. Можеби мечката малку повеќе, бидејќи ретко се гледа човек како мене“, изјави Новоселов.
Тешкашот од Челјабинск, кој има професионален скор од 9 победи и 2 порази, е доста „озогласен“ во својата татковина. Тој доби затворска казна од 14 години во 1993 за убиство, а во 2012 година беше уапсен поради поврзаност со еден нарко-картел.
Новоселов исто така е познат по своите неверојатни тренинг-методи, како спарингот со секира со еден негов пријател во кој за малку ќе му ја откорнеше раката. Негов последен меч во октагонот беше победата во првата рунда против Александар Алексиќ на Фајт шампионатот Аслан.
Човек, кого сигурно нема да посакате да го сретнете на улица…
View this post on Instagram
Боевая Невменяемость#максшатун #мясорубка#командаИгоряиМакса#мненуженмиржелательновесь?
View this post on Instagram
ВДВ- никто кроме нас ✊#максшатун #россия#самбо#прикладноесамбо #школареальногобоямаксимановоселова
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар со победа се збогуваше со Лига Европа
Фото/ facebook.com/rkvardar
Ракометарите на Вардар со победа се простија од Лига Европа. Вечерва во „Јане Сандански“, Вардар го победи Мелсунген со 32:30 (17:17).
Првиот дел беше израмнет, Мелсунген подобро влезе во мечот, стекна предност од два гола, Вардар направи серија од 3:0. Црвено-црните потоа водеа со два гола, на крајот првиот дел заврши 17:17.
Во слично темпо продолжи и првата половина од второто полувреме. Во тие моменти Вардар стекна предност од два гола (25:23), која не ја испушти до крајот.
Најефикасен кај Вардар беше Ларс Коиј со осум голови, додека Младен Крсманчиќ постигна шест. Голема заслуга за победата има и голманот Мигел Еспиња кој запиша 15 одбрани.
Во Групата Ф Вардар го освои третото место со пет бода. Групата ја поминаа Мелсунген со 10 и Порто со седум бода.
Спорт
(Видео) Атлетико ја прегази Спарта во Прага, Милан на „мускули“ го победи Слован во Братислава
Атлетико Мадрид и Милан со победи во Прага, односно Братислава го отворија петтото коло во Лигата на шампионите. Атлетико до врв ја наполни мрежаа на Спарта (6:0), а Милан против Слован се мачеше 70.минута, на крајот победи со 2:3.
Атлетико ја прегази Спарта со апсолутна доминација на теренот и успеа да ја поправи гол-разликата. Антоан Гризман и Коке во Прага влегоа во клубот 100 во Лигата на шампионите.
Катастрофата на Спарта ја најави Хулијан Алварез со прекрасен гол од слободен удар во 15.минута. Во финишот на полувремето Љоренте успеа да го измами голманот на Спарта и тогаш беше јасно дека „јорганџиите“ ќе забележат победа. Во втриот дел уште еден гол постигна Алварез, потоа Гризман јубилејот го порслави со гол, а точка на натпреварот со два гола стави Анхел Кореа.
Атлетико ја забележа третата победа, втора во низа и втора на гостински терен има девет бода и гол разлика +2 (11:9).
Слован во Братислава му пружи силен отпор на фаворизираниот Милан. Словачкиот шампион имаше 1:1 по првиот дел, Пулишиќ погоди за 0:1 во 21.минута, а возврати поранешниот фудбалер на Вардар, Барсегјан три минути подоцна. Во вториот дел Слован имаше шанса за водство, а откако не ај искориси, следуваше блиц-криг на италијанскиот тим.
Во 68. нова предност на Милан му донесе Леао, а три минути подоцна погоди и Ејбрахам. Надеж за Слован донесе голот на Марсели во 88.минута, но до крајот домаќинот не успеа да постигне уште еден гол.
Со третата победа во низа, Милан се врати во борбата за пласман во првите осум на табелата.
Спорт
Аморим детектирал еден проблем, сака да донесе лев вингер
Рубен Аморим призна дека го чека тешка работа, дека играчите ќе работат напорно, а навивачите ќе чекаат додека Јунајтед не почне да изгледа како што тој го замислува.
Рубен Аморим нема да отстапи од својата идеја да игра во формација 3-4-3, но за тоа му требаат врвни крилни бекови. Се чини дека Нусаир Мазрауи ја доби неговата доверба и може да биде идеално решение за десната страна, додека некако никој не верува дека Лук Шо е способен сам да ја покрие целата лева страна.
„Скај Спорт“, истакнува дека Алфонсо Дејвис и Тео Ернандез се на листата на желби на Аморим.
Дејвис на лето ќе стане слободен играч, бидејќи неговиот договор со Баерн Минхен истекува и нема да потпише нов. Сепак, проблемот е што негов сон е Реал Мадрид и што Флорентино Перез подолго време е во контакт и преговара со претставниците на Дејвис. Исто така, според шпанските медиуми во трката сака да се вклучи и Барселона, на чија клупа седи поранешниот тренер на Дејвис, Ханси Флик.
Втората опција е Тео Хернандез. Капитенот на Милан има договор со клбот до летото 2026 година. Не е тајна дека Милан сака да му го продолжи договорот на Тео, но се уште не е јасно дали истата желба ја има и францускиот репрезентативец.