Црна хроника
Двајца ученици ранети напаѓачот убиен во училиште во Колорадо

Двајца ученици се ранети во петокот во пукање во средно училиште во предградие на Денвер во сојузната американска држава Колорадо, а напаѓачот е пронајден мртoв, изјави шерифот на округот Арапахо.
Напаѓачот, за кој се верува дека бил ученик кој во средното училиште во Арапахо во Сентениал во коешто во времето на инцидентот имало 2.200 ученици, е пронајден мртов од раните, коишто најверојатно самиот си ги нанел, изјавил шерифот.
Шерифот додал дека напаѓачот вооружен со сачмарка барал конкретен професор кој ја напуштил зградата, а еден од учениците се обидел да му се спротистави по што тој го застрелал. Сѐ уште не е јасно како другиот ученик е полесно ранет.
Споменатото училиште, како и сите други во округот Арапахо се затворени, меѓутоа шерифот Грејсон Робинскон изјавил дека опасноста минала.
Ова вест предизвика големо внимание во американската јавност, бидејќи се наоѓа на само 13 километри северно од училиштето Коломбина во Литлтон во Колорадо каде во април 1999 година двајца ученици убисја 12 свои соучениц и еден наставник а апотоа извршија самоубиство.
Исто така, предградието на Денвер – Сентениал се наоѓа на само неколку километри од предградието Аврора, каде минатата година 25-годишниот Џејмс Холмс употреби солзавец во кино салата при проекција на филмот „Темниот рицар. Враќање на легендата“, а потоа отвори оган при што беа убиени 12 луѓе, а повеќе десетици беа ранети.
Синоќешниот напад, сито така, се одигра само ден пред годишнината од трагедијата од декември минатата 2012 година во основното училиште во гратчето Њутаун во државата Конектикат, кога 20-годишниот Адам Ланза уби 20 деца на шест и седумгодишна возраст и шест возрасни лица. По овој инцидент во САД се разви широка за неопходноста за заострување на прописите за продажба и поседување огнено оружје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.