Контакт

Daily news

Заблуди за лековите што може да ве чинат живот

Објавено пред

Неправилната конзумација на лековите може да ви донесе повеќе штета отколку корист.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето на британската компанија „Lloyds Pharmacy” покажа дека 46 проценти од луѓето не знаат како правилно се земаат лековите кои моментно ги користат. Ова се најчестите грешки:

Дробење на таблетите

Некои лекови се произведени да делуваат подолг период или да почнат да дејствуваат по некое време откако сте ги испиле и затоа се обвиткани со разни слоеви. Доколку ја разбиете таа заштита, организмот ќе прими голема количина од лекот одеднаш, истакнува фармацевтот Сунил Кошар за Daily Mail.

Еден од примерите се лековите за крвен притисок кои имаат еднодневно делување, а на постарите им е тешко да ги проголтаат цели. Доколку се издробат, во организмот одеднаш ќе навлезе голема количина од лекот што може да предизвика пад на крвниот притисок и да предизвика несвестица.

Лекови пред вежбање

Ако испиете некаков лек пред вежбање за полесно да го издржите тренингот, тогаш сте во опасност затоа што може нема да препознаете дека сте се повредиле. Истражување на Универзитетот во Холандија покажа дека ибупрофенот пред напорно вежбање како трчање или возење велосипед предизвикува оштетување на слузокожата на желудникот. Иако оваа појава трае неколку часа, за тоа време може да се случи поголема штета како труење со храна затоа што бактеријата може да дојде до крвотокот поради слабеење на слузокожата.

Докторот Сундепт Бхалара од болницата Spire Bushey додава дека може да се случат и други незгоди како несвестица. Бета блокаторите спречуваат раст на нормалниот крвен притисок, а на мозокот му е потребен подобар проток на крв кога сте под напор. Кога тоа нема да се случи може да доживеете несвестица.

Исто така, антибиотиците со ципрофлоксацин, кои се даваат за инфекции на уринарниот тракт и труење со храна како салмонела, може да ги ослабат тетивите. Доколку дигате тегови, ќе ги оштетите полесно.

Креми

Иако се чини дека се безопасни, кремите за лекување на некои состојби може да ве убијат. Се работи за креми што содржат метил-салицилатат особено кога се мешаат со други лекови против болки.

Исто така, редовното користење на креми со стероиди, како оние за екцеми, на крајот може да доведат до истенчување и пукање на кожата. Кремите што содржат естроген и прогестерон поради честа примена може да имаат толку големо високо ниво на присуство во организмот и да доживеете болка во градите.

Лекови против болки за време на настинка

Некои истражувања покажаа дека лековите против болки може да го продолжат траењето на настинката.

„Ибупрофенот го намалува воспалението, но можно е и да го оневозможи телото да се избори против инфекциите”, вели Пол Литл, професор по примарна здравствена заштита на Универзитетот во Саутхемптон.

Ако ви е многу лошо, тој препорачува парацетамол затоа што ја намалува температурата па ќе се чувствувате подобро. Американските научници велат дека и тука треба да бидете внимателни имајќи предвид дека температурата значи дека телото се бори против воспаленија и вируси, а со намалувањето тоа нема да се случи, туку ќе се пролонгира.

Парацетамол

Во текот на 24 часа смее да се земат најмногу четири грама парацетамол. Вообичаено се пакувани по 500 мг, но не смеат да се земат повеќе од две таблети одеднаш затоа што може да предизвикаат оштетување на црниот дроб.

„Луѓето мислат дека парацетамолот е безопасен. Но може да ве убие ако претерате затоа што се собира во црниот дроб”, вели фармацевтот Нитин Макадиа.

Анализа на 161 пациент на Универзитетот во Единбург, примени во болница поради предозирање, покажале дека зеле само две до три таблети од препорачаното. А лекувале обични проблеми, како забоболка или болки во грбот.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет34 минути

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Македонија11 часа

Повторно се разгоре на Готен, шест пожари активни во државата

Денес попладне повторно се разгоре пожарот над селото Подареш на планината Готен од радовишка страна, информира директорот на ДЗС, Стојанче...

Свет13 часа

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“, туристите заглавени

Сите летови на главните аеродроми во Велика Британија се приземјени поради „откажување на радарот“ на контролата на воздушниот сообраќај. Илјадници...

Топ13 часа

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија14 часа

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ17 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија17 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија19 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија19 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет21 час

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија21 час

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ21 час

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет23 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет24 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија1 ден

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија1 ден

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...