Контакт

Надворешна политика

Македонски манифест: Најпрво признавање на македонската нација, а потоа заедничко славење на празници

Објавено пред

Македонски манифест силно ги поддржува заложбите за добрососедство на Балканот, и инсистира на тоа, но без искрени  и отворени односи меѓу соседите тоа просто не е можно, порачуваат македонските интелектуалци од оваа организација, во отворено писмо до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
 

dobivaj vesti na viber

Македонски манифест силно ги поддржува заложбите за добрососедство на Балканот, и инсистира на тоа, но без искрени  и отворени односи меѓу соседите тоа просто не е можно, порачуваат македонските интелектуалци од оваа организација, во отворено писмо до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

 

 

„Македонскиот и бугарскиот народ се посебни народи, со посебни јазици, и тоа е апсолвирано од светската наука и од светската политика, со исклучок на бугарските политичари, научници, новинари и пропагандисти кои продолжуваат да фантазираат за Санстефанска Бугарија. Тој проект беше и остана мртов, како што призна и неговата  авторка – Русија. Во времето на комунистичката диктатура дури еден националист како Тодор Живков сфати дека постојат македонска нација и јазик и без условување потпиша пет договори меѓу Бугарија и Македонија, на бугарски и на македонски јазик

По симнувањето на Живков од власта во 1989 година, Бугарија прокоцка историска шанса безусловно да ја признае Република Македонија со нејзината нација и јазик. Оттогаш наваму, спротивно на логиката на меѓународното право и на добрососедството, Бугарија преку институциите на Европската унија прави притисок врз Македонија за потпишување Договор за добрососедство врз нерамноправен и асиметричен принцип. Тоа нас, Македонците, нè повредува и нè прави многу внимателни кога треба да се потпише нов  договор со сосед кој јавно не ги признава нашата нација, јазик, култура, историја и традиција“, велат од Македонски манифест.

 

Според членовите на оваа организација, добрососедството подразбира заемно признавање и почитување на вредностите на нациите и не може да постои држава без народ, а тоа мора да го разбере и Европската Унија и конечно самата да се европеизира и да престане да ја поддржува бугарската политика на негирање и непризнавање.

 

„Со одбивањето да ги признае македонската нација и јазик, Бугарија практично ја признава Македонија само како географски поим. Излегува дека бугарската држава бара добрососедство од нација која за неа не постои. Како тогаш сакате да имате добрососедство и  договор со некој што „не постои“? Ако за Бугарија постои само географска Македонија, тогаш договорот за добрососедство треба да го потпише некој географски објект – реката Вардар, Шар Планина или Охридското Езеро.  Во случајов, од македонска страна договорот мора да го потпишат претставници на македонската нација. Доколку Бугарија не признава Македонци и македонска нација, нема кој да го потпише таквиот договор“, велат од организацијата.

 

„Истото важи и за бугарскиот притисок врз Македонија за заедничко славење на историските датуми. Без признавање на македонската нација такво славење е невозможно, бидејќи е спротивно на историската правда. Заеднички датуми кои ги поврзуваат Македонија и Бугарија се, на пример, Денот на победата над фашизмот, 9 мај или почетокот на дипломатските односи меѓу двете држави. Илинденското востание не може да се слави заедно. Како што велат, уште во 1903 година, веродостојните историски факти и познати писатели и новинари како Хенри Брејсборд: „Востаничкото движење во стварноста е вистинско македонско движење, подготвувано од Македонци, водено од Македонци и потпомогнато од страсното сочувствување од огромното мнозинство словенско население“. Затоа и востаниците создаваат своја државна институција преку Крушевската република, затоа и подготвуваат леарница за леење на сребрени и бакарни пари како платежно средство на слободната македонска држава. Што се однесува до сесловенските просветители Кирил и Методиј, тие треба да се слават заеднички не само од Македонија и Бугарија, туку од сите словенски народи, па и од цела Европа како нејзини покровители. Бугарски карактер и приоритет  на овој настан е уште една во низата историски фантазии.

Една позната поговорка вели: „Не прави му го на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават“. За да има добрососедство меѓу Македонија и Бугарија мора да бидат направени конкретни чекори.

Прв чекор е да ги признаете македонската нација и јазик, исто како што Македонија ги признава бугарската нација и јазик. Заемното признавање значи почит и раѓа доверба. Без доверба нема добрососедство, независно колку договори за добрососедство ќе се потпишат“, му порачуваат на Плевнелиев, интелектуалците од Македонски манифест./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет3 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет4 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа4 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа4 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ13 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија16 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија18 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија21 час

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија23 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет3 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...