Контакт

Црна хроника

Заедничка акција „Европа 2013“ во борбата против криминалот со крадени возила

Објавено пред

Во операцијата „Европа 2013“ која се спроведе на крајот од минатиот месец учествуваа: земјите членки на ЕУ – Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Италија, Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска; земјите кои не се членки на ЕУ – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово; како и организациите Еулекс и Европол, Евроџаст, Фронтекс, Интерпол, соопштуваат од МВР.

dobivaj vesti na viber

За време на спроведувањето на операцијата, во Европол беше воспоставен оперативен центар, каде се координираа барањата од страна на претставници од Европол, Интерпол, Евроџаст и Фронтекс. Исто така, во секоја земја се формираше Национален координативен штаб, односно назначена контакт точка за брза размена на информации.

Во националниот координативен штаб партиципираа:

СМПС при ЦПС, како национална контакт точка назначена за спроведување на операцијата. Потоа ЦСОСК со претставници од Одделот за сериозен криминал, Единицата за општ и насилен криминал со надлежност за координација на активностите на оперативните служби на национално ниво, како и Одделот за криминалистичко разузнавачка анализа надлежен за изработка на дневни извештаи, информации; Сектор за гранични работи и миграции; Одделот за посебни единици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај; Оддел за криминалистичка техника.

Согласно извршените анализи, цел на операцијата беа: секаков вид на возила, патнички моторни возила, товарни моторни возила, работни машини, со посебен акцент на ПМВ од германско потекло (Volkswagen, Audi, BMW, Mercedes) со поголема вредност, односно понови модели, потоа криминални активности поврзани со криумчарење и недозволена трговија на украдени возила, возила предмет на осигурителни, лизинг и други финансиски измами, како и моторцикли од поголема материјална вредност.

Операцијата се спроведе на граничните премини и во внатрешноста, односно на граничните премини кон соседни држави, со засилена контрола на возила и возачи на преминување на државната граница на Македонија. На магистралните и главни патни правци кои водат од и до поголемите градови, а засилена беше контролата на нелегалните „дивите“ премини на границата кон соседните држави кои се користат за нелегална прекугранична трговија и криумчарење со секаква стока вклучувајќи и возила.

Во рамките на операцијата, од страна на македонските полициски служби беше извршена контрола и проверки над 416 лица, 99 документи за моторни возила и вкупно 1396 моторни возила, од кои 1361 патнички моторни возила, 14 товарни моторни возила, два мотори, една градежна машина и 18 други моторни возила.Притоа, регистрирани се вкупно четири погодоци, односно три погодоци при извршени проверки во ASF базата на регистрирани крадени возила на Интерпол (возилата се пријавени за крадени од Германија, Италија, Словачка), и еден погодок на крадено возило, кое било внесено во националната база на Швајцарија, а по завршување на операцијата и во ASF.

Покрај тоа, уште во четири други случаи регистрирани се неправилности, односно поради сомнение за фалсификување на бројот на шасија на возилата, одземени се за натамошна експертиза и постапка четири возила.

Имено, од вкупниот број извршени контроли утврдени се неправилности кај вкупно 8 ПМВ и тоа:ПМВ Hummer H2, сопственост на македонски државјанин, а кај возилото е утврдено фалсификат на VIN бројот, а возилото евидира во ASF базата за украдено возило во Германија; ПМВ BMW 320D, кое евидира во ASF базата за украдено возило во Италија; ПМВ Volkswagen Passat, управувано од македонски државјанин, кај кое е утврдено фалсификат на VIN бројот, а возилото евидира во ASF базата за украдено возило во Словачка; ПМВ Volkswagen Passat, кое евидира во националната база на Швајцарија за украдено возило, а внесено е во базата на крадени возила на Интерпол по завршување на операцијата. Исто така кај ПМВ Volkswagen Golf, управувано до српски државјанин, кај возилото е утврдено фалсификат на VIN бројот; ПМВ Volkswagen Golf, управувано од бугарски државјанин – кај возилото е утврдено фалсификат на VIN бројот; ПМВ BMW 530D, сопственост на македонски државјанин, – кај возилото е утврден фалсификат на VIN бројот. Возилото не евидира во ASF базата на крадени волила на Интерпол.

По однос на фалсификувани документи евидентирано е ПМВ Mercedes 190D, управувано од српски државјанин, за кое постојат сомневања дека е со фалсификувани документи.

Сите наведени возила се одземени и врз истите ќе се извршат дополнителни проверки, а против лицата ќе се поднесат соодветни поднесоци. По барање на унгарската полиција, а поради сомнение дека возилото е поврзано со кривично дело „убиство“, распишана е потрага и по возило Opel Vectra, со бугарски р/о.

Исто така, во рамки на спроведената заедничка полициска операција „Европа 2013“ во два одделни случаи откриена е и опојна дрога, и тоа во еден случај осум килограми марихуана, а во друг случај кај лице турски државјанин откриени се три грама марихуана и пет грама опојна дрога, при што лицето е приведено и против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава./крај/мф

Црна хроника

Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Објавено пред

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Објавено пред

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

dobivaj vesti na viber

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Објавено пред

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија3 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија7 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија9 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија10 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија10 часа

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија11 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија11 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија12 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија13 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет14 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет16 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на „Ал џезира“

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на „Ал џезира“, Анас ал-Шариф (28), во напад врз градот Газа обвинувајќи...

Европа16 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија16 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија16 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ1 ден

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ1 ден

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...