Црна хроника
Девет лица и пет угостителски објекти казнети за непочитување на Законот за пушење

При заедничка акциска контрола на полицијата и УЈП за спроведување на одредбите од Законот за пушење, спроведена синоќа во периодот помеѓу 19 и 23 часот, било утврдено непочитување на законските одредби во пет угостителски објекти на подрачјето на Тетово, Мала Речица, Камењане и Синичане, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
„При контролата биле забележани девет прекршувања на Законот за пушење од исто толку физички лица кои добиле покани за наплата на глоба. Од страна на УЈП биле констатирани и други видови пропусти и прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани од нивна страна“, истакна Јосифовски.
Во Тетовско-Гостиварскиот регион ова е четврта ваква контрола спроведена во текот на изминатата недела и има за цел спречување на непочитувањето и кршењето на Законот за пушење во затворен простор.
Казните за ова изнесуваат 150 евра во денарска противвредност за физичко лице и од 2.000 до 4.500 илјади евра за правно лице./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.