Црна хроника
Убиецот од Србија минатата година останал без работа, учествувал во војната и нема досие
Србинот Љубиша Богдановиќ кој утрово уби 13 лица во местото Велика Иванча кај Младеновац, немал полициско досие, а полицијата истражува зошто овој мирен човек, како што го опишуваат неговите познаници, направил вакво злосторство.
Според неофицијалните информации, Богдановиќ пукал во себе дури кога ја видел полицијата.
„Убиецот е од мирно семејство и немал полициско досие. Ќе видиме што е мотивот на овие страотни убиства, едноставно сите сме затечени“, изјави директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.
Според него, Богдановиќ во деведесеттите години учествувал во војната во Славонија, имал дозвола за држење на оружје уште од 1981 година. Богдановиќ и неговиот син минатата година останале без работа.
„Немал здравствен картон. Немаме евиденција дека се работи за човек кој можел нешто вакво да направи. Сите зборуваат дека се работи за нормален човек. Сега сè проверуваме, сите сме изненадени“, вели Вељовиќ.
Како што рекле соседите, тој не бил конфликтна личност. „Тој бил мирен човек. Не знаеме што довело до оваа трагедија“, рекле соседите.
Портпаролот на Итната помош, Нада Мацура рекла дека Богдановиќ според нејзините сознанија не бил психички болен. Според неофицијални информации, таткото и чичкото на Богдановиќ пред повеќе години извршиле самоубиство поради непознати причини./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

