Црна хроника
Арамиите со богат плен
Арамија во вторникот меѓу 18,30 до 19,30 часот упаднал во куќата на 74 годишниот К.Е. од тетовското село Чајле, и од два дрвени сандука украл поголема количина златен накит, 2.800 франци и 2.500 евра, причинувајќи штета од 90.000 евра.
Истиот ден, во времето од 08,30 до 17,30 часот во Неготино на ул. „Марксова“, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата на Т.П.(45) и извршил тешка кражба, одземајќи 10.000 евра, 107.000 денари, златен накит, два рачни часовници и лапт-оп компјутер, причинувајќи вкупна материјална штета од околу 800.000 денари.
Во вторникот во ноќните часови во Скопје на ул. „Миле Поп Јорданов“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во ОУ „Владо Тасевски“ од каде одзел 26 мали лап-топ компјутери.
Ноќта меѓу понеделник и вторник биле украдени 1.500 денари од црквата „Св. Димитрија во Охрид. Крадецот со погоден алат или предмет ја скршил и направил отвор на влезната врата низ кој влегол внатре, ги одзел парите кои биле во разни апоени и го напуштил лице местото.
За сите случаи полицијата трага по сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

