Регион
Вучиќ: Спроведувањето на реформи на Балканот е полошо од пеколот

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави за американските медиуми дека е убеден оти владата, на чие чело се наоѓа, во следните четири години ќе ги исполни сите задачи кои во евроинтеграцискиот процес пред Србија ги поставува Европската унија(ЕУ), но спроведувањето на реформи на Балканот го спореди со пекол.
„Какви и да било реформи да се обидете да спроведете на Балканот, без оглед дали станува збор за Србија, Босна или Хрватска, тоа е ’полошо од пеколот’, но јас сум апсолутно посветен и определен за тоа и верувам дека ќе бидеме успешни“, рече Вучиќ во интервјуто за американската телевизија CNBC.
„Наша работа е да ја завршиме домашната задача во следните три-четири години, а потоа членките на ЕУ ќе треба да одлучат дали сакаат да ја примат Србија во членство или не“, рече српскиот премиер.
Тој додаде дека реформите во Србија „со години се одложувани“, заради што сега мора да се стори сè за да се создаде подобра бизнис атмосфера. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.