Европа
Ромпуј: ЕУ ќе преживее без Британија, но не и без Франција
Претседателот на Европскиот совет во заминување, Херман ван Ромпуј изјавил дека Европската унија (ЕУ) не би можела да преживее без Франција, а не без Велика Британија.
Претседателот на Европскиот совет во заминување, Херман ван Ромпуј изјавил дека Европската унија (ЕУ) не би можела да преживее без Франција, а не без Велика Британија.
Тој изјавил дека излегувањето на Британија од Унијата само би го „ранил“ проектот на Европската унија, додека, пак, таква одлука на Франција би предизвикала и „смрт“ на ЕУ.
Говорејќи за неодамнешните најави на британскиот премиер Дејвид Камерон околку излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, тој истакнал дека фундаменталните приници на Унијата не можат да бидат предмет на преговори.
„Сметам дека европските партнери би можеле доста сериозно да ги разгледуваат барањата на официјален Лондон, но преговори околу клучните работи, како што е слободата на движењето, нема да има“, рекол ван Ромпуј.
Актуелниот претседател на Европскиот совет истакнал дека прашањето за Британија ќе биде клучно за неговиот наследник на функцијата, Полјакот Доналд Туск, поради ветувањето на Камерон дека во 2017 година ќе има референдум за членството во ЕУ, доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите догодина.
„Немам за што да им приговорам на Британците. Нивната влада беше конструктивен партнер, но не е дел од можеби најголемите проекти – заедничката валута и Шенген зоната. Во секој случај, излегувањето на Британија не би предизвикало големи последици за ЕУ, додека таквата улога на Франција би претставувала и смрт на ЕУ“, истакнал ван Ромпуј./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“

