Црна хроника
Наталожени саѓи во нечист оџак причина за пожарот на Трескавец

Наталожени саѓи во нечист, неисправен оџачки канал кој имал недостатоци, е причина за пожарот кој ги опустоши конаците во манастирот Трескавец крај Прилеп, покажуваат извештаите на вештаците.
Според извештаите, пожарот избувнал во гостинска соба којашто била сместена до манастирската камбанарија.
Во таа просторија викендот имало гости, најверојатно интензивно и прекумерно се ложела печката на дрва. Прво од саѓите и смолите се запалил подот, веднаш од таа пожарот се пренел во соседната просторија и за 20-тина минути се проширил секаде. Пожарот избувнал во 13 часот, за петнаесеттина минути се проширил со силен интензитет“, рече портпаролот на судот Жарко Велески.
Ветерот кој дувал од западен правец помогнал огнот експресно да се прошири. Вештаците ја отфрлаат можноста дека причина за пожарот била електрична инсталација.
Со реконструкцијата на манастирот во 1990 година, исто така, по големиот пожар, не биле применети мерки за заштита од пожар и немало елаборат за тоа. Прилепското јавно обвинителство за тоа дали станува збор за несреќен случај или ќе има одговорност за избувнувањето на пожарот, ќе се изјасни кога ќе ја добијат комплетната документација./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Црна хроника
Момче две години ја демнело својата сосетка во Крива Паланка – ја следело, па ѝ се заканувало

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишно момче од Крива Паланка за демнење.
Од МВР информираат дека во периодот од март 2023 до април 2025 година, пријавениот ја следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.