Црна хроника
Битолчанец фатен со над килограм марихуана
Против 34-годишен битолчанец полицијата поднесе во средата кривична пријава кај кого беше пронајдени повеќе од килограм марихуана, а негов сограѓанин е пријавен затоа што неволастено вршел конзерватосрски работи и уништил културно наследство.
Мажот кој СВР Битола го идентификува со иницјалите В.Т. од Битола, е пријавен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој минатиот петок, на 25-ти октомври беше приведен откако во Битола кога бил претресен по претходна пријава, и кај него било пронајдено посоченото колечество дрога.
СВР Битола поднесе кривична пријава против и против 65-годишниот Б.Д. за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Поточно, од 2-ри до 4-ти септември годинава, пријавениот непоседувајќи лиценца за вршење конзерваторска дејност извршил пресликување на дел од ѕидното сликарство во внатрешноста на храмот „Св. Ѓорѓи“ во Ново Село битолско со што предизвикал трајно оштетување на автетичното ѕидно сликарство во црквата../крај/мф/сна
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

